02 Мај, 2024
0.0328

Која банка не крие амбиции да влезе во трите најголеми банки?

Објавено во: Економија 28 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Со најновата емисија акции издадена за познат купувач „Халк банка“ го зголеми капиталот до износ од 84 милиони евра и сериозно претендира да стане голем конкурент на другите најголеми банки во земјава

„Халк банка“ ја зголеми основната главнина за 15,12 милиони евра и со тој чекор вкупниот капитал на оваа деловна банка достигна 84 милиони евра. Новото зголемување на основната главнина е направено по пат на приватна понуда на акции издадена по одобение на Комисијата за хартии од вредност од 31 јули годинава. Со оваа емисија за познат купувач банката издаде нови 93.312 акции со номинална и продажна вредност од 10.000 денари за акција. По оваа 14 емисија бројот на акции со право на глас во „Халк банка“ изнесува 518.130 акции. „Халк банка“ која е во целосна сопственост на турската „Халк банка’ лани влезе во редот на пет големи банки и зе приклучи на до тогаш големата четворка составена од: „Комерцијална банка“, „Стопанска банка Скопје“, НЛБ Банка и „Охридска банка СГ“.

Како работеше лани „Халк банка“?

„Халк банка“ лани оствари таков продор на банкарскиот пазар со што си обезбеди место во големата петорка големи банки во земјава. Лани „Халк банка“ обезбеди најголем процентуален раст на средствата, најголем раст на кредити и најголем раст на депозитите (вкупно на компании и на домаќинства).

Раст на средства

Банката лани остварила раст на средствата за 104 милиони евра односно за 17,9 отсто во споредба со 2016 година што претставува најголем процентуален раст во таа категорија во конкуренција на сите други банки. Во оваа категорија банката лани била пласирана на четврто место, а нејзиното пазарно учество пораснало за 1,1 отсто и достигнало лани 9,1 отсто од целиот банкарски пазар. Средствата на банката на крај на 2017 година изнесуваат 687 милиони евра.

Раст на кредитирање

Кредитните пласмани лани достигнале 463 милиониевра и пораснале за 73 милиони евра во однос на 2016 година што значи пораст од 18,7 отсто што е процентуално најголем раст во категоријата во конкуренција на другите банки. И во оваа конкуренција „Халк банка“ е на 4 место во класификација на сите банки, а нејзиното пазарно учество е 9,6 отсто од целиот кредитен пласман на банкарскиот систем. Пооделно гледано, кај корпоративните заеми растот е 41 милион евра или 19 ,6 отсто со што нејзиното пазарно учество е зголемено за 1,4 отсто до 9,9 отсто. Кај граѓанското кредитирање учеството на „Халк банка“ пораснало за 0,6 отсто до 9,1 отсто од сите кредитни пласмани во земјава од таа категорија. На ниво на банка растот на кредитирањето на граѓанскиот сектор е 17,9 отсто во однос на 2016 година, а нивото на пласмани до крајот на 2017 година е 206 милиони евра.

Раст на депозитите 

Лани „Халк банка“ ја зголеми депозитната база за 71 милиони евра и до крај на 2017 година таа достигна 401 милиони евра што претставува раст од 21,5 отсто што е убедливо најголем процентуален раст во споредба со другите банки. Нејзиното пазарно учество во вкупните депозити на сите банки лани пораснало за 1 отсто, а оваа банка на крај на 2017 година чува 7,3 отсто од сите депозити и се наоѓа на 4 место во таа конкуренција после „Комерцијална банка“, „Стопанска банка Скопје“ и „НЛБ Банка“.


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?