06 Март, 2025
0.0379

КОЈА Е ДОКТОРКАТА ШТО ДОБИ ОТКАЗ ОД „КОЗЛЕ“ – „ЗАГРОЗИ ЖИВОТ НА ДЕТЕ:“: Симоновска со детали

Објавено во: Македонија 01 Февруари, 2025

Добивај вести на Viber

Директорката на Клиниката „Козле“ доцна синоќа во допис до медиумите кажа која докторка добила отказ, потенцирајќи дека нејзиното однесување сериозно го загрозило животот на дете кое било подложено на животозагрозувачка интервенција.

Според Симоновска, докторката Веселинка влегла во кабинетот за бронхоскопија за време на критична интервенција, создавајќи хаос и попречувајќи го тимот кој се обидувал да извади страно тело од дишните патишта на мало дете.

Во продолжение целиот допис од директорката Симоновска:

Докторката доби отказ затоа што во моментот кога тимот на бронхоскопија се обидува да го спаси животот на малото дете со голтнато страно тело др. Веселинка директно им попречуваше на докторите да си ја вршат својата работа, со што дополнително го загрозуваше животот на малото дете!

Ако она сакала да биде дел од екипата можеше да дојде кај мене и јас ќе и дозволев. Од кои причини не го направила тоа а создала хаос во кабинетот????

Почитувани,

Морам да ве известам за да добиете точни информации. Се работи за др. Веселинка Јосифова Митровска која 6 месеци пласира лаги за екипата за бронхоскопија а она сама уште пред 6 месеци се откажа од бронхоскопијата иако јас во два наврати, еднаш усно, еднаш писмено и кажав дека може да работи во тимот за бронхоскопија но она одби да работи еднаш пред целиот колектив а вториот пат на писмено ми се обрати дека не може да работи со сегашната екипа и не сака да сноси одговорност за работата.Овој месец на денот кога требаше да се извади страно тело дел од индиски орев кај мало дете она влегла во кабинетот за бронхоскопија, направила немир и тензии кај докторката која требаше да ја изведе интервенцијата, да ја попречи во работата а со тоа да го загрози животот на детето.

Др. Бојана која требаше да ја изврши интервенцијата видно доста вознемирена дојде кај мене во 3 наврати да ме извести за ситуацијата. Јас прво ја испратив нашата правничка Јасмина да и каже на др. Веселинка дека не смее да биде во кабинетот и не смее да прави тензична атмосфера, потоа се повикало и обезбедувањето кое исто ја замолило за да на крај ме повикаат и мене и јас истото и го кажав но она остана во кабинетот и направи тензична атмосфера за работата викајќи и заканувајќи ми се мене и на сите дека никој не може да ја избрка, која можеше да влијае на исходот на интервенцијата.Се донесе детето за интервенција, се извади страното тело и за голема среќа се се заврши добро.

Со оглед на ситуацијата се свика прво комисија за утврдување на фактичката состојба па потоа дисциплинска комисија и во однос на нејзината постапка, незаконска работа и последиците што можеа да се случат со здравјето на детето она доби отказ.Јас како директор мора да се грижам нашите деца да бидат безбедни и да ги штитам од личности и ситуации кои може да го загрозат нивниот живот а и да им овозможам на вработените да не работат под притисок и тензии за осетливи интервенции кои се животно загрозувачки.

Ако ова не е пропаганда од СДСМ сите овие 6 месеци зошто вечерва СДСМ ја бранеше др.Веселинка а никој не го спомена ризикот за интервенцијата и загрозеноста на детето што др. Веселинка го направи.

Зар животот на детето не е важен?, па ние докторите треба да се грижиме за децата а не да им го угрозуваме животот.


Можеби ќе ве интересира

ЈАНДРОКОВИЌ: За жал вашите преговори формално уште не се отворени и тоа не е коректно

ЈАНДРОКОВИЌ: За жал вашите преговори формално уште не се отворени и тоа не е коректно

КОЧОСКА ЗА КАВГАТА СО ПЕТРОВСКА: Оставете на времето, за многу скоро ќе ви биде јасно зошто се случуваа сите овие работи

КОЧОСКА ЗА КАВГАТА СО ПЕТРОВСКА: Оставете на времето, за многу скоро ќе ви биде јасно зошто се случуваа сите овие работи

ХРВАТИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ЌЕ ИМААТ КОРИСТ ДОКОЛКУ ХРВАТСКОТО МАЛЦИНСТВО СЕ ВКЛУЧИ ВО УСТАВОТ - ова му беше пренесено на претседателот на Собранието, Јандроковиќ

ХРВАТИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ЌЕ ИМААТ КОРИСТ ДОКОЛКУ ХРВАТСКОТО МАЛЦИНСТВО СЕ ВКЛУЧИ ВО УСТАВОТ - ова му беше пренесено на претседателот на Собранието, Јандроковиќ

„ГРАЃАНИТЕ ЕДВАЈ ВРЗУВААТ КРАЈ СО КРАЈ, МИЦКОСКИ ПАТУВА СО ПРИВАТЕН АВИОН“: СДСМ бара одговори колку чини патот до Будимпешта

„ГРАЃАНИТЕ ЕДВАЈ ВРЗУВААТ КРАЈ СО КРАЈ, МИЦКОСКИ ПАТУВА СО ПРИВАТЕН АВИОН“: СДСМ бара одговори колку чини патот до Будимпешта

МАКЕДОНЦИТЕ КУПУВААТ ОБЛЕКА ОД ВТОРА РАКА ОД ЕКОНОМСКИ ПРИЧИНИ: Знаат ли дека со истото ја штитат и околината?

МАКЕДОНЦИТЕ КУПУВААТ ОБЛЕКА ОД ВТОРА РАКА ОД ЕКОНОМСКИ ПРИЧИНИ: Знаат ли дека со истото ја штитат и околината?

МОТИВОТ „ОМРАЗА“ НЕ Е ДОКАЖАН: Напаѓачите на Пендиков сепак добија затворски казни

МОТИВОТ „ОМРАЗА“ НЕ Е ДОКАЖАН: Напаѓачите на Пендиков сепак добија затворски казни

ОСМАНИ: Нека направи Мицкоски за албанскиот јазик половина од тоа што јас имам направено за македонскиот, Албанците ќе му бидат многу благодарни

ОСМАНИ: Нека направи Мицкоски за албанскиот јазик половина од тоа што јас имам направено за македонскиот, Албанците ќе му бидат многу благодарни

МИЦКОСКИ: И странците се разочарани од ДУИ

МИЦКОСКИ: И странците се разочарани од ДУИ

(ФОТО+ВИДЕО) СЕ ШИРИ ОБЛАК ОД ЧАД: Автомобил се запали на Водњанска

(ФОТО+ВИДЕО) СЕ ШИРИ ОБЛАК ОД ЧАД: Автомобил се запали на Водњанска