19 Декември, 2025
0.0574

МАКЕДОНЦИТЕ КУПУВААТ ОБЛЕКА ОД ВТОРА РАКА ОД ЕКОНОМСКИ ПРИЧИНИ: Знаат ли дека со истото ја штитат и околината?

Објавено во: Македонија 06 Март, 2025 07:28

Добивај вести на Viber

Во Македонија, како и во многу други земји, луѓето купуваат облека од втора рака најчесто од економски причини. Ова го потврдуваат и од невладината организација „Биди зелен“ од Скопје.

Додаваат дека овие продавници нудат брендови и поквалитетна облека по пониски цени, што ги прави достапни за поголем број луѓе.

„Сепак, во последните години се зголемува бројот на граѓани кои купуваат од втора рака од еколошки причини. Ова особено важи за младите генерации и оние што се свесни за проблемите со брзата мода, загадувањето и климатските промени. Постојат неколку главни еколошки придобивки од купувањето на облека од втора рака. Намалување на текстилниот отпад, многу облека завршува на депонии, а текстилниот отпад е огромен проблем бидејќи бавно се распаѓа и создава штетни гасови. Помала побарувачка за нова облека, со тоа се намалува потребата од производство на нови материјали, што ја намалува емисијата на јаглероден диоксид (CO₂). Заштеда на ресурси – Производството на текстил троши огромни количини вода и енергија. На пример, за едни фармерки се потребни 7.500 литри вода!, Намалување на загадувањето – Текстилната индустрија користи хемикалии и бои што загадуваат води и почви. Со купување од втора рака, се намалува ова загадување“, вели Блаже Јосифовски од „Биди зелен“.

Но, и со купување на нова облека, граѓаните можат да помогнат за заштита на животната средина и треба да бидат едуцирани што треба да изберат.

„Ако се одлучите за купување на нова облека, еве неколку совети што можат да помогнат за заштита на средината: Да избираме природни материјали. Органски памук, лен, коноп и волна се подобри избори од синтетички материјали како полиестер и акрил, кои се направени од нафта и ослободуваат микропластика при перење. Да проверуваме одржливи сертификации. Побарајте облека со еколошки ознаки како GOTS (Global Organic Textile Standard), OEKO-TEXFair Trade или BluesignИзбегнувајте ги брендовите што прават големи количини облека по ниски цени, но нивното производство сериозно ја загадува планетата. Купувајте квалитетна и долготрајна облека. Наместо да купуваме евтина облека што ќе се уништи брзо, инвестираме во парчиња што ќе ги носиме со години. Поддржете локални и етички брендови“, додава Јосифовски.

Порачува ако  е можно, да купуваме облека од домашни дизајнери или мали брендови што користат одржливи материјали и плаќаат фер плати.

„Јас сум скептик, не купувам и не сум информирана колку е тоа корисно за средината, но имам доста познаници коишто купуваат облека од втора рака“, објаснува Сунчица Стојановска, граѓанка.

Друга жена вели дека граѓаните купуваат облека од втора рака поради тоа што се сиромашни и сакаат да заштедат.

„Сум влегувала во тие дуќани, но немам купено. Луѓето купуваат облека од втора рака поради немаштија, дури има и маици за 50 денари“, додава жената.

Граѓаните треба да настојуваат да купат облека која ќе трае повеќе од една сезона. 

Сања Атанасовска

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот