04 Мај, 2024
0.0255

Колкав бизнис има во управување со парите на идните пензионери?

Објавено во: Финансии 23 Април, 2019

Добивај вести на Viber

Двете друштва кои управуваат со двата задолжителни пензиски фонда „КБ Прво“ и „Сава пензиско“ (аквизитер на „Нов пензиски фодн н.з.) лани оствариле добивки од работењето. И кај двете има раст на добивките, а поголема добивка има „КБ Прво“ и таа изнесува 2,13 милиони евра, а добивката на „Сава пензиско“ е 1,49 милиони евра

Двете друштва кои управуваат со задолжителните приватни пензиски фондови лани годината ја завршиле со добивки кои се поголеми од 2017 година, покажуваат официјалните податоци од ревидираните извештаи на двете друштва.

„КБ Прво пензиско друштво“ управува со поголеми активи и заради тоа нивните приходи лани се поголеми од конкурентската компанија „Сава пензиско друштво“. Приходите кои во најголема мерка се од надоместоци од придонеси и од надоместоци за управување лани изнесуваат 3,92 милиони евра кај „КБ Прво“, а кај „Сава пензиско“ достигнале 3,54 милиони евра. Нивните приходи ги пропишува МАПАС. Значајно е да се истакне дека растат приходите и кај двете друштва. Кај “КБ Прво“ тие во однос на 2017 година се зголемени за 370.870 евра, а кај „Сава“ за 372.000 евра. Нето добивката на „Сава пензиско“ лани изнесува 1,49 милиони евра и во споредба со 2017 година е повисока за 220.000 евра. Кај „КБ Прво“ нето добивката е 2,13 милиони евра и таа во однос однос на претходната година (н.з. 2017) е поголема за 260.000 евра.

На расходната страна преовладуваат две групи на трошоци. Првите се трошоците за фондот и тие се состојат од провизии за МАПАС и за банката чувар на имот. Втората група трошоци се за управување со друштвото кое раководи со вложувањата на идните пензионеси. Кај „КБ Прво“ расходите за управување со фондот се безмалку 1 милион евра, а за друштвото се 858.000 евра.

Кај „Сава пензиско друштво“ Трошоците за управување со фондот се исто така 1 милион евра на годишно ниво, а трошоците за управување со друштвото се 1,17 милиони евра.

Значајно е да се истакне дека најголема расходна ставка кај двете друштва се трошоците за вработени. Бруто платите за лани на „КБ Прво“ изнесувале 466.320 евра. Кај „Сава пензиско друштво“ лани трошокот за бруто плати е 716.360 евра.

„КБ Прво пензиско друштво“ на крајот на 2018 година управувал со вкупни средства на идните пензионери во задолжителниот фонд во вредност од 553,76 милиони евра и нивниот износ е за 61 милион евра поголем од износот на крајот на декември 2017 година.

„Сава пензиско друштво“ во задолжителниот фонд со кој управува на крајот на декември лани имал 489,8 милиони евра. Нивната вредност за една година е зголемена за 59,8 милиони евра.

Најнов момент во оваа индустрија е учеството на словенечки „Триглав“ кој од пред неполн месец доби дозвола за управување со задолжителен пензиски фонд чиј назив е „Триглав отворен задолжителен пензиски фонд“.


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот