06 Мај, 2024
0.0248

Колкави месечни паушали земаат членовите на Надзорниот одбор во „Факом“?

Објавено во: Економија 26 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

„Факом“, за пофалба, е една од ретките домашни компании кои ги објавуваат месечните паушали на петмината членови на Надзорниот одбор. Претседателот на НО има 52.000 денари, а секој од членовите ќе добива по две просечни македонски плати. Сосема солидно особено ако се спореди со паушалите на повеќе фирми, а особено на државните акционерски друштва кај голем број од нив паушалите се од 4.000 до 12.000 денари

Акционерското собрание на компанијата за челични конструкции „Факом“ од Скопје на последното акционерско собрание усвои одлука со која месечните паушали на четири членови на Надзорниот одбор изнесуваат 42.000 денари, а на претседателот на Надзорниот одбор 52.000 денари. „Факом“ е компанија во која доминантен акционер е странска компанија „Репро Оне“ која поседува 97,23 отсто од акциите.

Јавноста сопственоста врз „Репро Оне“ ја поврзува со познатиот македонски бизнисмен Минчо Јорданов кој воедно е и претседател на Надзорниот одбор на „Факом“. Неговата ќерка Наташа е член на Надзорниот одбор, а во ова тело членуваат уште и Убавка Бојаџиевска, Мино Дамјановски и Александар Николовски. Ова значи дека на месечно ниво компанијата „Факом“ по одобрение на акционерот „Репро Оне“ ќе одвојува вкупно 220.000 денари месечно за своите петмина членови на Надзорниот одбор.

„Факом“ во инвеститорската јавност е познат како компанијата која лани подели најголема дивиденда за своите акции во споредба со сите други компании кои поделија дивиденда, а веродостојноста на оваа информација ја потврдува следниот линк http://www.mse.mk/Repository/UserFiles/File/Objavi/Pregled_finansiski_podatoci_Q12016(1).pdf . 

Износот на дивиденда беше 2.492 денари за акција, а „Факом“ исплати речиси 3 милиони евра односно 166,8 милиони денари. На денот на објавата на информацијата дивидендата правеше принос од 45,3 отсто од последната пазарна цена на таа акција.
„Факом“ лани годината ја заврши со добивка од 2,3 милиони денари, а неговите приходи од редовни активности изнесуваат 20 милиони евра и во споредба со 2014 година гпораснале за повеќе од 4 милиони евра. Приходите на компанијата од 2013 година до 2015 година пораснале за 500 милиони денари. 

Во првата половина од годинава приходите од продажба на таа компанија изнесуваат 619 милиони денари односно над 10 милиони евра, од кои извоз се речиси 8,9 милиони евра. За овој период оперативните расходи изнесуваат 614 милиони денари.

Оперативната добивка е за нијанса помала од 100.000 евра, а по пребивање на финансиски приходи и финансиски прасходи и даноци добивката за полугодие изнесува 734.000 денари.  

Р.Ф.


Можеби ќе ве интересира

АРАНЖМАНИТЕ ЗА МАЈ И ЈУНИ ПОПОЛНЕТИ, ИМА ПО НЕКОЕ МЕСТО И ЗА СЕПТЕМВРИ - Србите не се откажуваат од Грција, иако е поскапа за 15 отсто

АРАНЖМАНИТЕ ЗА МАЈ И ЈУНИ ПОПОЛНЕТИ, ИМА ПО НЕКОЕ МЕСТО И ЗА СЕПТЕМВРИ - Србите не се откажуваат од Грција, иако е поскапа за 15 отсто

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот