Колку држави ќе погоди глобалната криза со храна?
Објавено во: Свет 03 Октомври, 2022
На глобалната криза со храна изложени 48 држави. Ова денеска го соопшти директорката на Меѓународниот монетарен фонд Кристалина Георгиев. Половина од овие земји се многу ранливи.
Георгиева, која зборуваше на конференција во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад, изјави дека 41 милион луѓе во арапскиот свет се изложени на несигурност во однос на храната.
Таа посочи дека ММФ ќе се погрижи гласот на институцијата да се слушне во борбата против ограничувањата во трговијата со храна за да се ублажи ситуацијата.
„Ако имаат потреба од повеќе, ние ќе направиме повеќе“, рече Георгиева.
За економската состојба во светот, Кристалина Георгиева истакна дека ММФ нема да се двоуми да биде во служба на земјите членки. Африканските земји секоја година се борат со глад. Сомалија неодамна молеше за омош во храна.