19 Август, 2019
0.0205

Колку граѓани аплицирале за социјална пензија?

Објавено во: Финансии 17 Јули, 2019

Заклучно со 15 месецов се поднесени 1.869 барања за социјална пензија, потврдуваат од Министерството за труд и социјална политика.

Додаваат дека континуирано ќе може да се доставуваат барања во текот на цела година, така како што луѓето ќе ги исполнуваат условите за добивање на овој вид пензија.

Социјална пензија ќе можат да користат луѓето со навршени 65 години кои немаат работен стаж. Тие ќе имаат право на шест илјади денари социјална пензија и на уште една илјадарка во грејната сезона.

Надомест нема да добиваат граѓаните чиј партнер има пензија. Услов за стекнување на надоместокот е граѓанинот да е државјанин на земјава во последните 15 години, да нема имот од кој може да се издржува и да нема примања од друга држава.

Се очекува дека за овој вид пензија ќе аплицираат најголем дел од луѓето кои се со ниски квалификации, не се снашле на пазарот на труд, луѓето кои работеле земјоделска работа, а со тоа немале работен стаж и слично. 

„Од оние земјоделци кои ги знам, 50% немаат стаж, затоа што цел живот биле ориентирани на земјоделство, а знаеме дека земјоделството е „фабрика без покрив“. Во просек ако имаат мали површини, тие можат само да егзистираат, но не и да си плаќаат стаж“, велат од здружението Македонска градина.

Од Центрите за социјални работи веќе потврдија дека има голем интерес за аплицирање.

Социјалната пензија еднаш годишно ќе се усогласува со трошоците за живот.

Таа има за цел намалување на сиромаштијата кај старите лица, а според некои првични информации кои претходно без изнесени се очекува околу 6.000 луѓе да го остварат ова право.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

Германија бара работници: Се вработува квалификувана работна сила

Германија бара работници: Се вработува квалификувана работна сила

На што да внимавате кога барате работа во странство?

На што да внимавате кога барате работа во странство?

Каква „магија“ направи Андреја?

Каква „магија“ направи Андреја?

НЕ СЕ САМО МАКЕДОНЦИТЕ: Кои други народи немаат пари за летување?

НЕ СЕ САМО МАКЕДОНЦИТЕ: Кои други народи немаат пари за летување?

Кој е градот со најголемата економска нееднаквост?

Кој е градот со најголемата економска нееднаквост?

Колку заработува најбогатото семејство во светот секоја минута?

Колку заработува најбогатото семејство во светот секоја минута?

Како нашиот државен долг надмина 100 милијарди денари?

Како нашиот државен долг надмина 100 милијарди денари?

По симболична цена се продаваат куќи во швајцарско село

По симболична цена се продаваат куќи во швајцарско село

„ЦРНА“ ЛИСТА НА УЈП: Имаат повеќе од 2.000 должници

„ЦРНА“ ЛИСТА НА УЈП: Имаат повеќе од 2.000 должници