08 Мај, 2024
0.1769

Колку ќе кошта автопатот Кичево - Охрид?

Објавено во: Економија 09 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Пред потпишување на анексот со кој ќе продолжат работите „Фактор“ побара одговор од Владата што значи дека се заштедени меѓу 70 и 100 милиони евра и дали за 10 отсто ќе се зголеми сумата за изградба на овој автопат кој сега чини 374 милиони евра

Колку пари ќе треба да платиме дополнително за автопатот Кичево – Охрид? Ова е прашањето што се наметна по слушање и гледање на изјавата на вицепремиерот Кочо Анѓушев кој пред три дена соопшти дека ја средиле техничката документација и со тоа нашата страна во преговорите значајно ја подобрила својата преговарачка позиција.

Во својата изјава Анѓушев потенцираше дека ќе бидат заштедени помеѓу 70 и 100 милиони евра во однос на тоа што како доплата за дополнителни и непланирани работи го побарале изведувачите од Кина. Медиумите кои ја пренесоа изјавата на Анѓушев јавија дека разликите во цени меѓу кинескиот изведувач и македонските компании била над 50 отсто и дека сега таа е намалена на 10 отсто согласно со меѓународните фидик тарифи.

И по изјавата останува нејасно колку всушност пари ќе чини овој автопат со новиот анекс договор што треба да биде потпишан наскоро по завршувањето на преговорите меѓу двете страни: македонската влада и кинеската компанија СИНОХИДРО. Со цел целосно и објективно информирање на јавноста „Фактор“ пре два дена достави прашања до вицепремиерот Анѓушев и од Сугарески, министерот за транспорт и врски побара да добиеме конкретна информација за тоа дали ќе биде зголемена крајната сума на чинење на автопатот и за колкав износ ќе биде поголема таа сума.

Доколку добиеме одговори на овие прашања ќе ги објавиме во целост. 

Во врска со преговорите Анѓушев ја даде следната изјава:

-Мислам дека вредеше да се почека и овој пат да се стави и технички и финансиски во исправна состојба, да не правиме непотребни и непродуктивни трошења на средствата од граѓаните на Република Македонија. Направивме широки консултации, вклучивме широки технички и финансиски тимови, за да бидеме сигурни дека тоа што го правиме и од технички и од финансиски аспект е издржано. Со новиот пред-анекс којшто се очекува да се усвои, дефинитивно ќе се решат сите проблеми, а тоа значи дека ќе се направи јасна динамика според која ќе се врши експропријација, ќе се направи јасна динамика која ќе се стави гантограм по којшто ќе се извршуваат работите на автопатот. Тоа значи дека никој нема да ги толкува работите слободно, истите ќе се извршуваат како што налагаат фидик пропозициите и како што налагаат техничките критериуми“, дополни Анѓушев.

Првичната сума на која беше склучен овој договор е 374 милиони евра и проектот ќе се финансира со кредит од кинеската извозна банка ЕКСИМ и со средства на Агенцијата за државни патишта која е инвеститор на проектот. За овој договор СЈО поведе истрага и покрена обвинителен акт кој беше прифатен и за кој се води судски процес популарно наречен „Траекторија“ во кој првоосмичен е поранешниот премиер Никола Груевски кој заедно со министрите Миле Јанакиевски и Владимир Пешевски се осомничени се проневериле 155 милиони евра буџетски средства.

 Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување