Колку луѓе гласаа во дијаспората, а колку во затворите?
Објавено во: Македонија 30 Септември, 2018
Излезноста на референдумот на дијаспората e 36,56 отсто при што гласале вкупно 985 лица од 2.694 лица со право на глас, информираа од Државната изборна комисија.
Во затворите гласале 64.69 отсто од затворениците.
Од 1859 лица кои гласаат дома, односно болни и немоќни, гласачкото право го искористиле 1520 гласачи.
За инцидентот што вчера се случи на гласачко место во Мелбурн, Австралија, од ДИК велат дека случајот е евидентиран и пријавен.