09 Мај, 2024
0.0281

Колку милијарди евра депозити чува „Комерцијална банка“?

Објавено во: Економија 29 Јули, 2021

Добивај вести на Viber

Најголемата банка според активата, постави нов историски резултат. За прв пат нивото на пари што ги чува (на граѓани и правни лица) надмина 2 милијарди евра. Освен тоа за првите шест месеци банката направи профит од 13,5 милиони евра и резултатот е комбинација на раст на приходи од провизии и надоместоци во комбинација со намалени трошоци за резервации. На страна на пласманите соодносот е во корист на државата за сметка на стопанството: во државни обврзници банкарите вложиле 45 милиони евра, а износот на пари во кредити е за 5 милиони евра поголем во споредба со крајот на 2020 година

„Комерцијална банка“ во првото полугодие годинава значајно ги израдува своите акционери. Добивката , според податоците од единечниот биланс на успех, изнесува 13,5 милиони евра, што е за 11,6 отсто односно 1,38 милиони евра повеќе од истиот период 2020 година.

Анализата на податоците покажува дека генератори на растот на добивката годинава се значајно зголемените нето приходи од провизии и надоместоци во комбинација со намалените резервации за лоши кредити. Имено заради короната банката го зголемила обемот на услуги за клиенти од што пораснале провизиите, а повторно заради растот на економската активност поради намалените негативни влијанија од корона кризата износите на резервациите се значајно пониски во споредба со истиот период лани.

Најголемата приходна ставка на најголемата банка (според активата) остануваат нето приходите од камати од кои банката прави нето приход од 19,2 милиони евра што е за 430.000 евра помалку од истиот период лани. Ова намалување, што е резултат на намалените каматни кредитни стапки е целосно компензирано со силниот раст на нето приходите од провизии и надоместоци. Од овие приходи банката за шест месеци остварила 8 милиони евра што е за 1,23 милиони евра подобар резултат од истиот период лани односно 18 отсто подобро од првите шест месеци во 2020 година.

Од останатите приходи (читај продажба на заложен имот и средства н.з.) банката инкасирала над 10 милиони евра што е речиси за 40 отсто помалку од истиот период лани.

Резервациите се најголемата ставка во структурата на оперативните трошоци на „Комерцијална банка“. За шест месеци се впушани 11,4 милиони евра што е 37 отсто помалку од истиот период лани. Нешто над седум милиони евра е трошокот за вработените на банката.

Вкупната актива до крај на јуни достигна 2,279 милијарди евра критериум по кој „Комерцијална банка “е број еден на нашиот банкарски пазар.

Кредитите на други коминтенти (компании, други правни лица и граѓани) се зголемени за 5 милиони евра за шест месеци и на крај на јуни се на ниво од 834 милиони евра. Интензивно растат и вложувањата во државни хартии од вредност. Нивното ниво на крај на јуни достигна 453,5 милиони евра однос 45,5 милиони евра повеќе од крајот на 2020 година.

Депозитите на коминтентните достигнаа 2 милијарди евра на крај на јуни годинава. Со ова „Комерцијална банка“ стана прва банка што чува 2 милијарди евра депозити на граѓани и компании.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување