02 Мај, 2024
0.0262

Колку милиони евра плати Тутунски Прилеп за 222 вработени?

Објавено во: Економија 29 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Прилепскиот Тутунски комбинат плати 4 милиони евра за отпремнини на повеќе од 20 отсто од вработените. За првите шест месеци продажбата пораснала за 2,4 милиони евра до 6,56 милиони евра

Најголемиот државно поседуван тутунски комбинат „Прилеп“ првата половина од годинава ја заврши со загуба од 4,1 милиони евра, покажуваат официјалните податоци од финансискиот извештај. Клучен генератор на загубата се трошоците на компанијата кои ги исплати на име отпремнина на 222 вработени кои спогодбено ги напуштиле нивните работни места. За отпреминините Тутунски комбинат Прилеп плати 4 милиони евра и го намали бројот на вработени од 958 лица (официјален податок во Ревизорски извештај за 2016 година) за 222 лица на полугодие на 2018 година.

Всушност отпремнините се втор по големина трошок на компанијата по трошоците за набавка на суровини и други материјали кои изнесуваат 9,3 милиони евра за половина година и во споредба со лани се повисоки за 3 отсто. Клучната разлика во трошоците е направена кај ставката трошоци за вработените. Лани за првото полугодие тие изнесуваат 1,2 милиони евра, а годинава се 5,2 милиони евра. Како што е наведено во објаснувањето на менаџментот целта на проектот за намалување на бројот на вработени и подобрување на продуктивноста на компанијата чија основна дејност е производство на тутун и цигари.

Како изработи Тутунски Прилеп во првата половина од годинава?

 Во првата половина од годинава Тутунски комбинат Прилеп има приходи од продажба во износ од 6,56 милиони евра и тие се зголемени за 175 отсто во однос на истиот период лани кога изнесувале 2,39 милиони евра. Компанијата остварила огромен раст на извозот кој надминал 5,15 милиони евра и пораснал за 4,5 милиони евра. На домашниот пазар компанијата бележи пад на приходот од продажба за 21 отсто односно 369.000 евра и  изнесува 1,41 милиони евра. Растот на приходите од продажбата се одразува и преку нивото на залихи. Тие на крај на јуни се на ниво од 6,56 милиони евра и се за 38 отсто пониски од нивната вредност во истиот период лани.

Компанијата за првите шест месеци платила 372.000 евра за камати и кај таа ставка има намалување на трошокот за 15 отсто во споредба со лани. 

Вкупните обврски на комбинатот на крајот на јуни се 21,76 милиони евра и се за 19 отсто повисоки од истиот период лани. Компанијата ги намалила тековните обврски за 19 отсто до ниво од 12,22 милиони евра, а од тоа намалувањето кај краткорочните кредити е 2,24 милиони евра, а кратењето на обврските спрема добавувачите е за половина милион евра.

Кај долгорочните обврски пак е регистрирано зголемување за 190 отсто и тие изнесуваат 9,54 милиони евра. Најголем проблем е акумулираната загуба на комбинатот која изнесува над 147 милиони евра. 


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?