„Колку многу луѓе умреа поради нивните грешки“: Трамп го сопре финансирањето на СЗО
Објавено во: Свет 15 Април, 2020
Претседателот на САД Доналд Трамп на прес конференција изјави дека и наложил на администрацијата да го стопира финансирањето на Светската здравствена организација (СЗО).
Во текот на прес конференцијата Трамп ја обвини СЗО дека знаеле за тежината на вирусот во Кина уште пред да го предупредат остатокот од светот за потенцијалната пандемија. Напоменал дека средствата кои САД ги издвојуваат за СЗО повремено ќе бидат стопирани, а во тоа време ќе има истрага.
Трамп смета дека СЗО е одговорна за економскиот хаос и илјадници смртни случаи предизвикани од коронавирусот.
„Не ја исполнија нивната основна должност и за тоа мора да одговараат. Толку многу смртни случаи само поради нивните грешки. Илјадници животи ќе беа зачувани ако СЗО си ја вршеше работата како што треба. Затоа мора да одговараат, рече Трамп.
Американскиот претседател обвини и дека СЗО е преориентирана кон Кина. За две години САД на СЗО и исплатиле 893 милиони долари, додека Кина издвоила 86 милиони долари во истиот период.