Колку потенцијални терористи има во Западен Балкан?
Објавено во: Балкан 19 Март, 2018
Роб Вајнрајт, директор на Европол денеска изјави дека околу 800 лица од Западен Балкан се бореле на страната на организацијата „Исламска држава“ во Сирија и во Ирак.
Додава дека во Европска унија има 30.000 потенцијални терористи. Тој ова го истакна на отворањето на состанокот на Европол, што се одржува во рамките на бугарското претседавање со Советот на Европска унија во Софија.
Вајнрајт вели дека Бугарија и другите европски држави се под закана на тероризам.
„Главната опасност за Европа е експанзијата на терористички активности, како и кибер заканата и криминалните групи кои постојат во некои држави. Се надевам дека заканите ќе се намалат, но во многу земји радикализираните групи се прилично активни и ние ги зајакнавме капацитетите и им отежнавме да терористите да ги извршуваат своите активности“- вели Вајнрајт.
Европол лани направи околу 1.600 акции.
Вакви предупредувања имало и претходно за бројот на луѓе кои се радикализираат и заминуваат во Сирија и Ирак.