28 Април, 2024
0.0275

Колку се собрало а колку се потрошило од градската каса во првите три месеци?

Објавено во: Економија 08 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Колку се собрало а колку се потрошило од градската каса во првите три месеци?

Во вкупниот буџет на Град Скопје во првите три месеци од годинава слеале 17 милиони евра, односно се реализирале 14,7 отсто од вкупно планираните приходи за цела година. Истиот период Градот потрошил речиси 16 милиони евра или 13,7 отсто планираните расходи за годинава.При тоа за стоки и услуги се потрошиле, 4,4 милиони евра, за капитални расходи 4,3 милиони евра, а 20, 3 отсто од парите се потрошиле за субвенции и трансфери или 1,6 милиони евра.  

Во основниот буџет на Градот Скопје односно градската каса за три месеци се собрале 10,1 милиони евра. Планот за цела година 81,5 милиони евра. Најмногу пари или околу 6 милиони евра се од данок на специфични услуги, 2,2 милиони евра по основ  на данок на имот, а околу 314 илјади евра ос такси и надоместоци. Во истиот период од градската каса се потрошиле 9,8 милиони евра.При тоа, во првите три месеци дел од јавните претпријатија што се под капа на Градот, добиле субвенции во износ од 1,4 милиони евра. Во тој период субвенции добиле ЈП Комунална хигиена, ЈП Паркови и зеленило и ЈСП Скопје. За капитални расходи се потрошени скоро 3,9 милиони евра, од кои најмногу или 2,7 милиони евра биле наменети за буџетската ставка други градежни објекти 

Во посочениот план за реализација се забележува дека за поголемиот дел од планираните реконструкции и изградби на булевари, улици и канализациона инфраструктура во првите три месеци не се потрошило ниту денар.Еве некои од проектите за кои во првите три месеци се одвоиле дел од вкупните планирани суми за цела година:

Реконструкција и доградба на објекти- фасади 334.605 евра

Изградба и надзор за Градска куќа 130.817  евра

Изградба на комунална инфраструктура 27.178 евра

Проширување на бул. Х.Т Карпош во Чаир 457.371 евра

Набавка на реквизити за Луна Парк 382.130 евра

Изградба, одржување и реконструкција на Кеј на Вардар,ролерски, велосипедски трим патеки и пешачки мост 180.095 евра

Плати, придонеси и надоместоци за администрација 779.765 евра

Вкупниот буџет на Град Скопје годинава тежи 115, 8 милиони евра што е за речиси 10 милиони евра повеќе од минатата година. За капитални и тековни  трошоци до крајот на годинава е планирано да се потрошат 81,5 милиони евра или околу 3,5 милиони евра повеќе од лани. Дел од проектите ќе се реализираат со кредити во износ од близу 3,1 милиони евра. Во проектите е вклучена изградбата на новиот Луна парк за што вкупно годинава се планирани 3,1 милиони евра, повторно се реактивира идејата за подземната сообраќајница, околу 5,2 милиони евра се планирани за реконструкција на фасади и доградба на објекти, осветлување на споменици, изградба и реконструкција на улици и булевари и друго. Најмногу субвенции Градот ќе им даде на ЈСП Скопје или 4,2 милиони евра и на ЈП Паркови и зеленило за кој годинава се предвидени субвенции во износ од околу 514 илјади евра за Фестивал на цвеќето, за пајтон, за кароселот и за друго. Во тригодишната развојна програма на Градот Скопје, се предвидуваат пари за реконструкција на фасади и доградба на објекти,  во 2018 –та година 5,3 милиони евра и во 2019-та година  4,7 милиони евра. При тоа во следните три години Градот ќе издвојува пари за изградба на систем за одведување и прочистување на отпадни води, изградба на систем за водоснабдување, реконструкција на дел од училишни згради и фискултурни сали , уредување на градежно земјиште, изградба на комерцијални објекти и друго.

Т.С


Можеби ќе ве интересира

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании