Koлку војници ќе ја чуваат границата меѓу САД и Мексико?
Објавено во: Свет 06 Април, 2018
Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека веројатно ќе ги задржи припадниците на Националната гарда долж границата со Мексико додека не заврши изградбата на ѕидот кој би требало да ги запре илегалните мигранти.
Трамп вели дека сака да види две до четири илјади војници на границата, додавајќи дека разгледува колку ќе чини припадниците на Националната гарда да бидат стационирани таму.
Американската администрација вчера објави дека координира активности со гувернерите на пограничните држави во врска со тоа како Националната гарда може да ги поддржи федералните погранични безбедносни сили.
Националната гарда интервенираше на границата и во 2010 по наредба на Барак Обама, како и во 2006 – 2008 за време на мандатот на Џорџ В. Буш.
Трамп веќе неколку дена врши засилен притисок врз Мексико и американскиот Конгрес да дејствуваат во спречувањето на пристигнувањето на нелегални емигранти во Соединетите Држави.
Американскиот претседател дополнително се заинтересира за тоа прашање по снимките на карвани емигранти од Централна Америка, главно од Хондурас, кои сакаат да влезат во САД а сега се на југот на Мексико.