04 Мај, 2024
0.0250

Колку време треба да штедите за дом во познатите градови?

Објавено во: Стил 12 Април, 2016

Добивај вести на Viber

Секој од нас потајно сонува да живее во некој од најголемите градови во светот.

Од сајтот Bright Side одлучиле да истражуваат колку години луѓето кои живеат во различни земји ќе мора да работат,  за да заштедат доволно пари за купување на стан во овие градови.

За целите на студијата се претпоставува дека луѓето ќе го издвојат целиот приход за купување на стан.

Просечната плата во јапонската престолнина е 2,792 долари, а цената на стан е 435,650 долари. За да купите стан во Токио, ќе треба да штедите 13 години.

Според истражувањето најскапо е да си купите стан во Лондон. Ќе ви требаат цели 18 години заштеда на средства, за да си дозволите живеалиште во вредност од 638,100 долари во англиската престолнина.

Во Дубаи, градот познат по песоците, сонцето и прекрасните облакодери, просечната цена на стан е 143,850 долари. Со плата од 3,340 долари, штедењето за сопствено живеалиште ќе потрае 3 и пол години.

Далеку повеќе време за собирање на пари ќе ви треба, ако сакате да се пофалите со стан во Мумбај. Просечната плата во индискиот град е 687 долари, а цената на стан  е 130,500 долари и ќе треба да штедите 15 години.

Рио де Жанеиро, исто така не отстапува со цените. За да купите стан таму, ќе треба да заштедите 105,950 долари, а со просечна плата од 644 долари, ќе мора да штедите 14 и пол години.