22 Септември, 2020
0.0382

Колку заработуваат приватните универзитети?

Објавено во: Економија 27 Јануари, 2020

Од 13 компании кои управуваат со приватни високообразовни организации (универзитети и факултети) нема ниту една што работела со загуба. Најголемата има приход од 2 милиони евра, а најмалата од 230.000 евра. Кај 4 од 13 профитите изнесуваат најмалку 20 отсто од остварените приходи

На македонскиот пазар на високо образование опстојуваат 13 приватни високо образовни установи. Всушност се работи за компании и поединци кои имаат бизниси регистрирани во дејностите: високо образование или за истражни дејности. Очекувано, најголема е концентрацијата на вакви образовни институции во Скопје, а најголемите 4 од нив прават приходи поголеми од 1 милиони евра (според најнови официјални податоци кои се однесуваат на 2018 година). Најголемиот има приход од 2 милиони евра, а најуспешната високообразовна институција остварила профит од 351.000 евра во 2018 година.

Најголеми два приватни универзитети остануваат и понатаму да бидат Европскиот универзитет и ФОН Универзитетот на поранешните партнери Бојо Андрески и Фијат Цаноски. Европскиот универзитет од аспект на остварените приходи е најголем и единствен со приход од 2 милиони евра во 2018 година. Добивката на оваа компанија изнесува 351.000 евра што значи дека профитот во приходите учествува со 17,5 отсто. ФОН Универзитет има за нијанса помали приходи и тие во 2018 година изнесуваат 1,82 милиони евра. Добивката на оваа компанија сопственост на Фијат Цаноски, а управувана од неговиот син Сефер Цаноски изнесува 270.000 евра што претставува 15 отсто од остварениот приход. И двете водечки компании кои управуваат со високообразовни институции, од аспект на остварени профити, покажуваат дека во земјава високото приватно образование е исплатлив бизнис.

Во групата најголеми се уште и Американ Колеџ кој е во сопственост на друштвото за менаџмент АКС „Менаџмент од Скопје“. Овој приватени универзитет во 2018 година остварила приход од 1,65 милиони евра и добивка од 328.000 евра. Од аспект на учество на профитот во приходите Американ Колеџ е најуспешна високообразовна компанија во најголемите три приватни универзитети која има профитна маргина од 20 отсто.

Меѓународниот балкански универзитет од Скопје лани остварил приход од 1,7 милиони евра и добивка од 5.500 евра. Оваа компанија е во сопственост на Фондацијата за образование и култура УСКУП.

Во големата петорка е и една компанија од Свети Николе. Станува збор за Славјанскиот универзитет „Гаврило Романович Державин“. Оваа компанија остварила приход од 1,2 милион евра и добивка од 262.000 евра. Со профитна маргина од 22 отсто светиниколскиот универзитет е најпрофитабилна приватна високообразовна организација во категорија на приватни универзитети кои оствариле приходи поголеми од еден милиони евра.

Меѓународниот универзитет од Струга , поседувана од „Еуроколеџ 2007“ од Струга во 2018 година остварила приход од 954.000 евра, а од тоа добивка останале 254.000 евра. Тоа значи дека 27 отсто од приходите останале како профит во оваа компанија.

Скопскиот приватен Универзитет за туризам и менаџмент, сопственост на Фондацијата за образовни интереси „Колумбо“ во 2018 година остварил приход од 892.000 евра колку што изнесуваат и трошоците за негово работење.

Најпрофитабилна компанија која организира високо образование е гостиварската високообразовна институција Визион има приход од 653.000 евра и добивка од 218.000 евра. Профитната маргина од друштво во 2018 година била 33 отсто. Сопственик на најпрофитабилната високообразовна организација е фондацијата за наука, култура и уметност „ШарВардар“ од Гостивар.

МИТ Универзитетот е најмал во групата компании кои од високообразование оствариле приход што надминува половина милион евра. Оваа компанија во 2018 година остварила приход од 567.000 евра, а годината ја завршила во позитива од 1.000 евра. Овој универзитет е во сопственост на компанијата „Божјидар Арт Марми)

Уште три приватни компании кои даваат образовни факултетски услуги се: Бизнис академија Смилевски, Факултет за бизнис економија од Скопје, Еуроколеџ Куманово и ЕФТА приватен факултет за аудио-визуелни уметности.

Од аспект на остварен профит најуспешна е ЕФТА со профит од 20.000 евра од приходи кои изнесувале 256.000 евра. Еуроколеџ остварил добивка од 2.000 евра на приход од 230.000 евра, а БАС 2.300 евра на приход од 270.000 евра.


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

НАРОДНА БАНКА: Раст на депозитите и на кредитната поддршка и во текот на август

НАРОДНА БАНКА: Раст на депозитите и на кредитната поддршка и во текот на август

ГОЛЕМА РАЗЛИКА: Дојденците во Германија земаат помали плати од Германците

ГОЛЕМА РАЗЛИКА: Дојденците во Германија земаат помали плати од Германците

Просечната нето-плата повторно над 27.000

Просечната нето-плата повторно над 27.000

ОД НОЌЕСКА ПОСКАПИ ГОРИВА - бензините одат нагоре за два денари, дизелот за половина денар

ОД НОЌЕСКА ПОСКАПИ ГОРИВА - бензините одат нагоре за два денари, дизелот за половина денар

Генералниот директор на ТАВ заминува од Македонија

Генералниот директор на ТАВ заминува од Македонија

ССК предлага 25 мерки за помош до државата

ССК предлага 25 мерки за помош до државата

ДИРЕКТОРОТ ВО ФОРБС, РЕНДАЛ ЛЕЈН, ВО ИНТЕРВЈУ ЗА ФАКТОР: А зошто не би можел некој нов Фејсбук да никне во Македонија

ДИРЕКТОРОТ ВО ФОРБС, РЕНДАЛ ЛЕЈН, ВО ИНТЕРВЈУ ЗА ФАКТОР: А зошто не би можел некој нов Фејсбук да никне во Македонија

Во Македонија ќе се регулира работењето од дома, но во 2021

Во Македонија ќе се регулира работењето од дома, но во 2021

ЛДП: „Викенд без ДДВ“ во наредните недели

ЛДП: „Викенд без ДДВ“ во наредните недели