26 Април, 2024
0.0291

Компании членки на МАСИТ, наградени со почесната награда “Merit Winner Award” во рамки на глобалниот настан “WITSA Global ICT Excellence Awards”

Објавено во: Мои пари 20 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Вчера, во рамки на глобалниот настан “WITSA Global ICT Excellence  Awards”, компаниите членки на МАСИТ, Nextsense со решението “ Contact Tracing technology” и Elevate Global со решението “BAIT”, ја добија почесната награда “Merit Winner Award” во рамки на глобалниот настан “WITSA Global ICT Excellence Awards”, во организација на WITSA,  а во конкуренција со ИKТ компании од целиот свет. Настанот се одржуваше во Пенанг, Малезија.


Компанијата Некстсенсе беше номинирана со решението: StopKorona! & VirusRadar мобилна апликација, а компанијата Elevate Global со решението - алатка за автоматско предвидување на производство и потрошувачка во енергетската индустрија – BAIT.


„Оваа година, номинациите доставени до WITSA, го опфаќаат целото глобално членство на WITSA, од Нигерија до Бангладеш, од Аргентина до Велика Британија и пошироко. Годинешниот избор на награди се случува во многу уникатно време во историјата. И покрај минувањето низ глобална пандемија, воодушевени сме што ќе можеме да препознаеме некои од најдобрите решенија за ИКТ од владите, институциите, поединците и индустријата “, изјави генералниот секретар на WITSA, д-р Jim Poisant“.

„Во сите претходни 20 години откако се одржуваат WITSA Global ICT Excellence  Awards, немавме чест и привилегија, да добиеме и разгледаме, квалификувани, уникатни и извонредни решенија, какви што добивме оваа година“ – изјави претседателката на WITSA г-ѓа Yvonne Chiu.

МАСИТ како член на WITSA (Светската алијанса за информатички технологии и услуги) ги номинираше пријавените решенија од компаниите членки на МАСИТ до WITSA, a годинава беа објавени следниве категории за номинација: КОВИД-19 технички решенија за градови и локалитети, КОВИД-19 технички решенија за земји или региони, КОВИД-19 најдобри решенија во индустријата, награда за јавно – приватно партнерство, награда за дигитални иновации, решение за одржлив раст, иновативни решенија во здравството, награда за дигитални иновации, и награда за е-образование и учење.


Повикот за учество во изборот беше отворен за сите компании членки на МАСИТ, но и за ИКТ компаниите кои не се дел од МАСИТ, а право на учество имаат сите ИКТ компании кои ќе номинираат готови сопствени решенија, имплементирани кај крајни корисници во Република Македонија.

Светската алијанса за информатичка технологија и услуги (WITSA) е водечки признат меѓународен глас на глобалната ИКТ-индустрија, чии членови од над 80 земји и економии претставуваат повеќе од 90 проценти од светскиот IKT пазар.

Дополнително, во рамки на состанокот на Генералното собрание одржано на 17 ноември 2020 година, WITSA избра свои лидери за членови на Одборот на Директори за мандатот 2020-2022, вклучувајќи 23 директори од четири континенти, меѓу кои и претставникот на Управниот одбор на МАСИТ, Г-дин Зоран Лазаревски од компанијата АССЕКО СЕЕ.

Пр објава

Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет