Добивај вести на Viber
Facebook прави приходи од 2 милијарди долари за квартал , од кои 1,8 милијарди долари доаѓаат од платени реклами . На крајот на 2012 и почетокот на 2013 година Facebook стави крај на " промоцијата " , односно го ограничија прикажувањето на позициите на бизнис страниците.
Така публикациите веќе не се гледаат од сите фанови и компаниите требаше да започнат да си плаќаат , ако сакаат да стигнат до поголема публика . Од социјалната мрежа не откриваат кои се најголемите реклами кај неа .
Од BusinessInsider сепак подготвија рејтинг на најголемите реклами на Facebook со користење на податоци од ComScore . Можно е рангирањето да не е сосема точно, бидејќи податоците не се официјални од Facebook .
Еве кои се најголемите реклами на Facebook за изминатите 12 месеци :
1 . Samsung : 100 милиони долари
Samsung е можеби најголемиот клиент на Facebook. Минатата година тие потрошија 10 милиони долари само за 3 - неделна кампања за одликување на Galaxy S III .
2 . P & G : 60 милиони долари
Procter & Gamble има солидно присуство на Facebook , особено меѓу мајките . Компанијата има огромен буџет , а моментот во кој Facebook ја промени својата политика и го намали прикажувањето на публикациите , се совпадна со моментот во кој компанијата одлучи да се пренасочи од традиционалните медиуми кон социјалните .
3 . Microsoft : 35 милиони долари
Компанијата соработува со Facebook , кои го користат нејзиниот пребарувач Bing . Facebook го купи и серверот Atlas од Microsoft .
4 . AT & T - 30-35 милиони долари
Facebook е најголемата мобилна апликација во светот и компанија како AT & T треба да има присуство таму.
5 . Amazon : 30 милиони долари
Голем дел од сообраќајот на Amazon доаѓа од тоа дека на луѓето им се допаѓа или препорачуваат купувања на Facebook.
6 . Verizon : 30 милиони долари
Facebook ги мами мобилните оператори со статистика која покажува дека мобилните реклами на социјалната мрежа се за 9 пати поефикасни од реклами на десктоп .
7 . Nestle : 30 милиони долари
Оваа година Nestle ги спонзорира Grumpy Cat .
8 . Unilever : 30 милиони долари
Две од 5 -те најсподелени реклами на интернет оваа година се од Unilever - едната е " real sketches " на Dove , а другата е турска реклама за сладолед Cornetto .
9 . American Express : 25 милиони долари
AmEx вложува многу на социјалните медиуми. Во моментов имаат кампања " член од ... " , која лепи значка на вашата страница , со која се фалите колку време ја користите картичката.
10 . Walmart
Walmart е најпопуларниот супермаркет на Facebook.
11 . Coca- Cola
Coca -Cola има 76 милиони фанови на Facebook , со што е најдобар бренд во светот .
12 . Starbucks
Starbucks е на 4 -то место во рангирањето за најмногу фанови на Facebook.