29 Април, 2024
0.0279

Комплексот Лимак Дајмонд ќе има силен придонес во развојот на Скопје и локалната економија!

Објавено во: Мои пари 11 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Во тек е изградбата на модерната Лимак подземна сообраќајница, како и подготвителните работи за комплексот Limak Diamond. Во истиот реон во завршна фаза е изградбата на хотелот на Лимак, кој по се изгледа ќе биде првиот објект кој ќе биде финализиран во овој дел од градот. Станува збор за инвестиција на реномираната турска компанија Лимак Холдинг на површина од околу 325.000 квадратни метри а во вредност од над 250 милиони евра.

Комплекс во чија изградба се вклучени повеќе македонски градежни компании, голем број на стручни работници, локални градежни експерти, луѓе од институтот за сеизмологија, од градежниот факултет што директно придонесува кон ново заживување на градежната индустрија, но овој пат стимулирана од приватен инвеститор. Ефектите се очекува да бидат позитивни и за севкупниот БДП на Република Северна Македонија, каде веќе има значителни приливи на средства, а кои се очекува да бидат интензивирани во периодот кој следи.

Станува збор за мултифункционален комплекс кој брзо ќе стане ново културно обележје и симбол на „новото Скопје“ на простор кој со години наназад беше несреден, неурбанизиран, избегнуван од граѓаните на Скопје. 

Кога градежните активности ќе бидат во полн ек, се очекува на комплексот да работат околу 1.200 работници и инженери. Откако комплексот  ќе биде завршен се очекува над 2300 луѓе тука да работат, а над 25.000 посетители на дневна основа да го посетуваат трговскиот центар. Се очекува негова голема популарност во овој дел од балканот, и истиот да биде посетуван од граѓани од соседните земји.

Со новата, функционална, а истовремено и  естетски возбудлива архитектура на ова ново комплексно, хармонично архитектонско дело, Скопје ќе добие ново градско обележје, кое ја реактуелизира разбирливата архитектура и ја обновува врската со пејзажот и контекстот на Старата железничка станица, отворените простори, циркулацијата на движењето, визурите и амбиентот што го опкружува. Комплексот ќе има резиденцијален дел, деловни канцеларии трговски центар, хотел, простор за културни активности сместени во Музејот, места со фина храна, фитнес центар, казино и паркинг . 

Лимак Дајмонд ќе биде симбол на отвореноста на Скопје, да ја прифати различноста, промената и автентичноста која со години се чувствувала во овој историски дел од градот, каде отсекогаш се мешале енергии, различни култури, религии и народи што поминале низ овие простори.

Можеби ќе ве интересира

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

ЏЕКПОТ МАНИЈА, СУПЕР ТУРНИР НА 2win.мк

ЏЕКПОТ МАНИЈА, СУПЕР ТУРНИР НА 2win.мк

„Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата е проект создаден за организации како нас, многу деца, училишта ќе ја добијат нашата поддршка и опрема која ќе придонесе за подобро утре: Борче Стаменов за „Донирај компјутер“

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024