02 Мај, 2024
0.0251

Комплициран јавен повик за субвенционирање на таксата во Охрид

Објавено во: Економија 04 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Општина Охрид го објави јавниот повик за добивање субвенции на уплатената такса за привремен престој на домашни и странски туристи, односно на секој охриѓанец-поединец ќе му се врати 80 насто од она што го платил како обврска, односно давачка, за примен турист. 

Повикот првично изгледа комплицирано, затоа што како прво, треба да се приложат фискални сметки, а општопознато е дека приватните поединци во Охрид кои издаваат апартмани и соби во свој личен имот не се премногу заинтересирани за тоа. Како второ, од она што ќе го врати општината, како обврска треба физичкото лице да набави опрема и мебел за своите соби и апартмани, но прашање е дали 80 насто како поврат за таксата е доволен стимул за тоа, ако се знае дека не се работи за готовина и дека најверојатно нема да има доволно за купување на овие предмети, за кои веќе инвестирал кога одлучил да сместува туристи.

Од друга страна, прашање е која е логиката да се наплаќа туристичка такса од поединци, ако потоа треба да му се вратат 80 насто од уплатените средства.

Од Општината велат дека целта на оваа активност е поттикнување на физичките лица запишани во регистарот на физички лица вршители на угостителска дејност во oпштина Охрид уредно да ја водат евиденцијата за престојот на гостите во својот сместувачки објект, со што ќе се стимулира редовната наплата на ТПП и ќе се избегне нејзиното прикривање.

Висината на субвенцијата ќе изнесува 80% од уплатената такса за примвремен престој по основа на вкупниот број остварени ноќевања за периодот од 01.01 – 30.06.2018 година.

Регистрираниот давател на услуги од мал обем (станоиздавач) ќе биде обврзан за средствата во висина од субвенционираната туристичка такса да набави опрема, мебел и други производи за опремување на неговиот сместувачки капацитет. Набавката претходно мора да биде одобрена од комисијата формирана од градоначалникот на општина Охрид. Исплатата ќе се врши по приемот на фискалните сметки, фактури или други финансиски документи како доказ за извршената набавка.

Субвенциите не покриваат извршување градежни активности.


Можеби ќе ве интересира

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?