Кому и за колкава сума Нестле му го продава Ципирипи?
Објавено во: Балкан 04 Мај, 2018
Компанијата Нестле во Србија го продаде кондиторскиот бренд Ципирипи, соопштила таа компанија, пренесуваат српски медиуми.
Како дел од континуираната ревизија на портфолиото, Нестле најавил потпишување на договор за продажба на локалниот кондиторски бренд CIPIRIPI Paraćinki a.d , членка на дистрибуциската група Силбо.
Се очекува трансакцијата, која ги вклучува CIPIRIPI чоколадните табли и кремови, да биде објавена кон крајот на вториот квартал на 2018та година по завршување на вообичаените одобренија и завршни услови.
Трансакцијата нема да влијае на работните места во компанијата Nestlé Adriatic, стои во соопштението.