01 Мај, 2024
0.1970

Се бараат избори и експертска Влада: Кон што води откажувањето на лидерската средба

Објавено во: Македонија 19 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Лидерска средба најверојатно нема да има. Извори од СДСМ синоќа брифираа дека лидерот Зоран Заев им соопштил на сопартијците дека форматот на средбата без присуство на опозициската ВМРО-ДПМНЕ нема смисла. 

Претходно во денот, а пред Централниот одбор на СДСМ, од најголемата опозициска партија соопштија дека претседателот на партијата, Христијан Мицкоски нема да учествува на ваква средба со образложеие дека единствено ќе прифати да разговара за закажување предвремени парламентарни избори. 

Заев пак, ја закажа лидерската за да се зборува за Изборниот законик, за пописот и за Законот за обвинителство. Денеска ќе стане појасно кои ќе биде исходот од оваа ситуација и како лидерите на партиите ќе ги усогласуваат ставовите или земјата ќе влезе во нова политичка криза и ќе оди кон нови избори.

Инаку и пред откажувањето на средбата стана јасно дека предвремени избори бара и лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села. Тој смета дека треба да има експертска влада, а новиот шеф на СЈО да биде странец од земја од Европската унија.

Експертска влада побара и Арбен Таравари од Алијанса на Албанците 

„Како никогаш до сега итно и неодложно е потребно да се формира ЕКСПЕРТСКА (непартиска) Влада, барем да се започнат преговорите со ЕУ оваа година, напиша  Таравари на Фејсбук.


Можеби ќе ве интересира

Петровска: Тошковски вооружени лица да пријавува во институциите, а не кај Мицкоски

Петровска: Тошковски вооружени лица да пријавува во институциите, а не кај Мицкоски

Повторно телефонски измами во Охрид

Повторно телефонски измами во Охрид

Апасиев од Охрид: Македонска платформа, за да запрат уцените од балистите

Апасиев од Охрид: Македонска платформа, за да запрат уцените од балистите

Починатата девојка во Штип била ќерка на жената која уби и запали маж во Кавадарци

Починатата девојка во Штип била ќерка на жената која уби и запали маж во Кавадарци

Еден од најпознатите македонски специјалисти на митинг на ВМРО-ДПМНЕ

Еден од најпознатите македонски специјалисти на митинг на ВМРО-ДПМНЕ

Силјановска Давкова: Мојот сопруг се однесува како тој на Ангела Меркел

Силјановска Давкова: Мојот сопруг се однесува како тој на Ангела Меркел

Мандатот за составување Влада ќе го дава новоизбраниот претседател

Мандатот за составување Влада ќе го дава новоизбраниот претседател

Ковачевски го одби условот на Димитриевски за коалицирање: Ние не сме човек-партија

Ковачевски го одби условот на Димитриевски за коалицирање: Ние не сме човек-партија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Панче Тошковски вели дека Палевски ќе биде екстрадиран во најкраток рок

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Панче Тошковски вели дека Палевски ќе биде екстрадиран во најкраток рок