Коневски со совети до Мицкоски: Не прави поделби
Објавено во: Македонија 19 Декември, 2018
Поранепниот градоначалник на Аеродорм, Ивица Коневски, по подолго време даде свои коментари во јавноста за политилката ситуација и упати совети до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека не смее повеќе да прави поделби на „патриоти и предавници“ во партијата.
„Рејтингот на претседателот Мицкоски е трипати помал од тој на партијата. Мислам дека претседателот треба да смогне сили да ги обедини сите луѓе без разлика кој од нив му се допаѓа, а кој не, во интерес на партијата, членството, но пред се во интерес на државата за да може ВМРО-ДПМНЕ да дојде пак на власт. Треба да му дадеме шанса на Мицкоски за претседателските избори. Јас сум оптимист по природа, но по ова прашање дека тој ќе ги обедини сите, од ден на ден, сум сè поголем песимист. Доколку ги изгуби изборите покрај една ваква катастрофална состојба и власт која ништо не испорачува, заради тоа што нема капацитет да ги обедини сите чинители, одговорноста ќе биде лична на Мицкоски. Заради доброто на партијата и членството доколку ги изгуби изборите треба да се повлече од лидер“, изјави Коневски.за СДК.
Наведе дека партијата треба да се фокусира целосно кон Западот и да се обиде повторно да ги придобие симпатиите од меѓународната заедница, а не да се слушаат гласини дека ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува со свој претставник на претседателските избори на пролет.
„Има некои најави дека постои можност за бојкот на претседателските избори, што според мене се многу погрешни. И не дај боже тоа да се случи. Нас не ни е потребен таков бојкот, тоа ќе ја доуништи и така влошена репутација на партијата кај меѓународната заедница. Не би сакал да верувам дека такво нешто ќе се случи. Јас сум член на ВМРО-ДПМНЕ од 1998 година, а се активирав во 2003 оти имаше концепт на прогресивност, на урбана димензија, на модерна партија, која ќе ја оттргнеме од начинот на водење на Љубчо Георгиевски кој ја носеше во еден правец на радикализација, на еден тежок национализам, што не доликува на партија која треба да ја води Македонија кон ЕУ и НАТО. Сега партијата како да се враќа во тоа време и тие работи не ми се допаѓаат. Потесното раководство околу Мицкоски и самиот тој повеќе гравитираат кон тие политики отколку кон прогресивна, модерна партија. Ние мораме да ги подобриме контактите со меѓународната заедница, да ги тргнеме суетите на страна, да ги екипираме луѓето кои знаечеле и дале придонес во партијата“, смета екс-градоначалникот со двократен мандат во Аеродром.