07 Мај, 2024
0.0223

Конкурс за изградба на куќа на Марс и на Месечината

Објавено во: Стил 28 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

Иако не најде ниеден доказ за постоење на живот на Месечината ни на Марс, Американската вселенска агенција НАСА распишала конкурс 3DPHab (3D Printed Habitat Challenge) како би била сигурна дека идните жители на земјиниот сателит и црвената планета ќе имаат кров над глава .

Покренат во рамки на НАСА програмот „Предизвик на векот“, проектот  3DPHab предвидува развој на технологија за изградба на куќа надвор од нашата планета, со користење на локални ресурси и рециклирани материјали.

Целата е „благовремена“ изградба на куќа за колонисти кои еден ден ќе го населат Марс и месечината.

„Планот е на Месечината и Марс да се пратат автономни градежни машини кои ќе изградат стамбени единици наменети за луѓе“, се наведува во соопштението на НАСА, пренесуваат западните медиуми.

Во првата етапа на конкурсот , кој ќе биде отворен до 15 јули, од заинтересираните се бара да замислат реалистични археолошки решенија во  3D, a победникот на конкурсот му следи чек од 50 .000 американски долари.

„Другата етапа, во која победникот ќе освои 1,1 милион долари, ќе биде посветена на технологии 3D принтања и технологии комбинирани од увозни и локални материјали“, додека во третата етапа акцентот ќе биде на изградба на стамбени единици со помош на наведени технологии, се наведува во соопштението на НАСА.