02 Мај, 2024
0.0253

Коронакриза: Силен пад на индустриското производство во март

Објавено во: Економија 30 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Колку е силен ефектот на коронакризата за македонската економија - првиот статистички факт е за индустриското производство. Државниот завод за статистика објави дека во март индустриското производство е намалено за 13,4 отсто во споредба со истиот месец лани. Најголем е падот во преработувачката индустрија - дури 14,3 проценти. Познавачите очекуваат уште посилен пад во април и во мај.

Според статистиката индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во март 2020 година, во однос на март 2019 година, бележи опаѓање од 10,8 отсто, во секторот Преработувачка индустрија има пад од 14,3, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација производството опаднало за 11,5 отсто.

„Намалувањето на производството во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство на пијалаци, на тутунски производи, на текстил, на облека, на други неметални минерални производи, на метали, на електрична опрема, на машини и уреди, неспомeнати на друго место и на моторни возила, приколки и полуприколки, стои во соопштението.

Според главните индустриски групи, производството бележи опаѓање кај Енергија за 12 отсто, Интермедијарни производи, освен енергија за 11,9, Капитални производи за 20,1, Трајни производи за широка потрошувачка за 7,8 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 11,1 отсто.


Можеби ќе ве интересира

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?