04 Мај, 2024
0.0251

Косово ги „награди“ семејствата на загинатите и осудени лица од Диво насеље

Објавено во: Балкан 07 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

На 29 семејства во Косово им се исплатени 290.000 евра, односно по 10.000 евра за загинатите и осудени лица во настаните во Куманово од мај 2015 година. 

Со ова косовското Министерство за финансии ја реализираше одлуката на Владата за загинатите и осудените за настаните во кумановската „Диво насеље“. 

Одлуката на премиерот Рамуш Харадинај тогаш наиде на критика во косовската јавност, со потсетување дека лицата се осудени од судот во Македонија, за неколку кривични дела - како нарушување на уставниот поредок, тероризам и терористичка организација, и затоа доделувањето средства на нивните семејства е несфатливо.

Според медиумите во Приштина, Косово еден месец пред настаните од 2015-та година во Куманово, во парламентот го донесе Законот за забрана за учество во вооружени конфликти надвор од територијата на државата.

На 2 ноември лани скопскиот Кривичен суд пресуди доживотни казни на седум обвинети, 12 обвинети добија по 40 години затвор, шест по 20 години, еден беше обвинет на 18 години, двајца на 14 години, двајца на 13 години и двајца на 12 години. Четири лица беа ослободени од обвиненијата. На 3 ноември имаше протести во Приштина.

Во пукањето на 9 и 10 мај во 2015 година во Куманово загинаа осум припадници на македонската полиција и 10 лица од вооружената група.

Можеби ќе ве интересира

Белгија се приклучи на листата на коспонзори на резолуцијата за Сребреница

Белгија се приклучи на листата на коспонзори на резолуцијата за Сребреница

ПРОГЛАСЕНА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО СОСЕДСТВОТО: Дождот создаде хаос, реката се излеа, луѓето и добитокот се евакуираат (ВИДЕО)

ПРОГЛАСЕНА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО СОСЕДСТВОТО: Дождот создаде хаос, реката се излеа, луѓето и добитокот се евакуираат (ВИДЕО)

ШОКАНТНИ СЦЕНИ ПРЕД „РИБНИКАР“ - и родителите на убиените деца пристигнаа

ШОКАНТНИ СЦЕНИ ПРЕД „РИБНИКАР“ - и родителите на убиените деца пристигнаа

ТРАГЕДИЈА КАКВА СВЕТОТ НЕ ПАМЕТИ - годишнина од масовното пукање во основното училиште во Србија

ТРАГЕДИЈА КАКВА СВЕТОТ НЕ ПАМЕТИ - годишнина од масовното пукање во основното училиште во Србија

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни