Косово годинава воопшто не аплицирало за прием во УНЕСКО?
Објавено во: Балкан 21 Август, 2017
Косово оваа година воопшто не аплицирало за прием во УНЕСКО, изјави минатата недела вршителот на должноста шеф на косовската дипломатија, Емануел Демај.
Тој објасни дека апликацијата не е поднесена поради „домашни прашања“, односно бидејќи не се донесени законите за верски слободи и за културно наследство.
„Косово се уште не аплцираше во УНЕСКО. Во очекување сме на донесување на Законот за верски слободи и на Законот за религиско наследство, кои се уште не се донесени. Работиме, ги разгледуваме сите можности и опции, верувам дека имаме уште малку време за да аплцираме. Ќе видиме како ќе се одвиваат работите,“- изјави Демај за „Економија онлајн“.
Тој вели дека неконституирањето на косовското Собрание ќе го попречи усвојувањето на двата закони, што ќе значи дека Косово веројатно не ќе може да аплицира за членство во УНЕСКО годинава.
Во ноември 2015 година на Косово му недостигаа само три гласа за да стане членка на УНЕСКО. Членството треба да го одобрат две третини од 195-те земји членки.