Коста Костадинов: Наќе Чулев организираше хајка на волонтерите што пакуваат помош од Заеви
Објавено во: Македонија 30 Април, 2020
Коста Костадинов, портпаролот на СДСМ, на Фејсбук го обвини министерот за внатрешни работи Наќе Чулев дека ја организирал полициската акција за потеклото на хуманитарната помош кои волонтери од Струмица ја пакуваат за социјално ранливи групи, а донатори се членови на фамилијата на претседателот на владеачката партија Зоран Заев.
„Тастарот на Мицкоски и вмро-дпмне, Наќе сјајниот Чулев вчера организираше полициска хајка врз млади деца волонтери кои помагаат во овие тешки моменти. Ова почитувани граѓани е олицетворение на Груевски и бившиот негов режим, Струмица и струмичани добро го знаат тоа. Наскоро се ќе заврши и конечно се ќе си дојде на свое, да не дозволиме такво зло да ни се повтори. Сега сме посплотени од било кога, посилни од било кога и ќе ве поразиме толку силно што лавот од логото ќе ви избега. Срам и штета сте за државата!“, нашиша пратеникот.
Претходно А1 објави дека полицијата предводена од дежурната обвинителка Лидија Георгиева упаднала во магацините синоќа во 23.00 додека се подготвувале пакетите и побарале потекло на робата. Волонтерите биле испрашувани во полициска станица до 04.00 часот наутро.