Ковачевски ќе бара одговор од МНР зошто македонската телевизија се уште не се емитува во Бугарија
Објавено во: Македонија 23 Март, 2023
Бугарската БНТ веќе пдоолго време се емитува во Македонија, но македонскиот национален сервис се уште не е застапен во Бугарија, иако тоа беше договорено во рамки на доборососедството меѓу двете земји.
Премиерот Димитар Ковачевски немаше конкретен одговор на новинарско прашање зошто програмата на македонската национална телевизија не се емитува во Бугарија, како што се емитува Бугарската национална телевизија (БНТ) кај нас, но најави дека ќе побара информација од Министерството за надворешни работи
- Веднаш ќе ги контактираме Министерството за надворешни работи и нормално македонската телевизија, која што треба да зрачи и штом ќе достават официјален одговор, како и одговор од бугарските официјални институции тогаш ќе го споделиме со вас, изјави Ковачевски.