23 Ноември, 2024
0.0278

КОВИД КРИЗАТА ИМ ГИ ЗЕДЕ РАБОТНИТЕ МЕСТА НА 12.580 ГРАЃАНИ - бројот на пријавени го билда младинската гаранција, новите услови за социјална помош, повратниците од странство...

Објавено во: Економија 25 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Од близу 40 илјади новорегистрирани невработени лица во периодот од февруари заклучно со август годинава, 12.580 граѓани се останати без работа поради ковид кризата.

Останатиот прилив од нешто над 26 илјади новорегистрирани невработени, или прецизно 26.363 лица, се должи на неколку други основи, вели за Фактор директорката на Агенцијата за вработување, Биљана Јовановска.

Ова појаснување од Агенцијата следува откако беа објавени податоците на оваа институција, кои говорат дека за период од шест месеци, односно откако стартуваа економските проблеми поврзани со пандемијата, се регистрирани точно 38.943 лица.

Од Агенцијата објаснуваат дека овие 12.580 невработени ги згубиле своите работни места во периодот од 11 март, до 31 август оваа година.

„Од вкупниот прилив на невработени лица во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија во периодот од 11.03.2020 до 31.08.2020 година, по основ на прилив од работен однос со состојба на 31.08.2020 година, евидентирани се 12.580 невработени лица, на кои престанокот, односно одјавата од задолжително социјално осигурување е регистрирана во периодот после 11.03.2020 година, односно во период на кризата предизвикана од ковид-19 вирусот“, нагласуваат од Агенцијата за вработување.

Според Аврамовска, преостанатата бројна на новорегистрирани невработени од околу 26 илјади лица, се должи на неколку други основи.

Една од нив е поврзана со проектот младинска гаранција. Односно, за да влезат во овој прокет, голем број млади до 29 години, дури 17 илјади, се пријавиле како невработени во Агенцијата.

„Во соработка со младинските организации, ги повикавме младите до 29 години, да дојдат и да се евидентираат во Агенцијата како невработени, за да можат да се вклучат во проектот младинска гаранција. Така што, заклучно со август, 17 илјади млади до 29 години, се евидентирани за прв пат како невработени“, вели Јовановска.

Таа објаснува и дека од овие 17 илјади млади луѓе, пет илјади веќе успеале да излезат од младинската гаранција, односно 4.500 се вработиле, а 500 се вклучиле во обуки, и од Агенцијата очекуваат и тие многу брзо да најдат работа, со што и тие ќе излезат од младинската гаранција. Односно, кај оваа категорија лица се очекува да има и прилив и одлив, бидејќи тоа, како што објаснуваат од Агенцијата, е жива материја.

Инаку, за појаснување, овој проект младинска гаранција стартувал од јануари годинава, но практично почнал да се спроведува по носењето на оперативниот план на крајот на февруари – почетокот на март, што значи дека се поклопува на некој начин и со стартот на корона кризата. Тоа прави да изгледа бројот на отпуштените поради кризата поголем отколку што реално е, објаснува Јовановска.

Втората причина која доведе до зголемување на бројот на новорегистрирсани невработени, како што објаснува директорката на Агенцијата, е новиот Закон за социјална заштита, според кој корисниците на социјална помош сега задолжително мораат да ги евидентираат сите членови на нивното семејство како невработени во Агенцијата за вработување, па за да можат да ја добијат паричната социјална помош што им следува.

„Пред да се донесе овој закон, како невработен во Агенцијата требаше да биде регистриран само носителот, односно членот на семејството кој е корисник на социјалната помош. Сега, пак, со новиот закон, мора да се евидентираат во Агенцијата како невработени сите членови на семејството, а Агенцијата, заедно со центрите за социјална работа, со поддршка на ИПА Фондовите, преку таканаречениот cave management, ги лоцираме вработливите членови на семејството. Потоа, ги субвенционираме нивните плати кај работодавачите во период од 12 месеци, со обврска да ги задржат уште шест месеци. На тој начин се дава шанса да се вработат и другите лица во тоа семејство. За другите нивни членови, пак, преку обуки и преквалификации, ги правиме да бидат повработливи и конкурентни на пазарот на трудот“, објаснува Јовановска.

Колку вакви лица се новорегистрирани на листата невработени засега нема прецизни податоци, но факт е дека и оваа бројка не е за потценување.

Според Јовановска, како евидентирани невработени кои се додаваат на бројката, се и лицата што имаат работа ангажирани со авторски договор или договор на дело, што се должи на владина Уредба за време на вонредната состојба.

Таа додава и дека извесен број граѓани кои живееле во странство и се вратиле во земјава кога почна пандемијата со коронавирусот, исто така се пријавени како невработени во Агенцијата за вработување.

„А, факт е дека приливот на пријавени невработени беше зголемен и поради платежната картичка, за чие издавање постоеше услов граѓаните да се регистрирани во Агенцијата. Тоа беше причина и граѓани кои пет-шест години не биле евидентирани во Агенцијата, сега да се пријават“, објаснува Јовановска.

Или, поради сите овие причини, бројот на новорегистрирани невработени во овој период се зголеми до 38.943 лица, но поради корона кризата, работните места ги изгубиле 12.580 граѓани.

„Некои се пријавуваат, а некои се одјавуваат, па затоа и постојано нагласуваме дека бројот на невработени е жива материја“, објаснува Јовановска.

Инаку, како што говорат статистиките на АВРМ, според основот на престанок на работниот однос, 5.750 лица, односно 45,7 отсто, се поради истек на определено време, 2.937 лица или 23,3 проценти се поради спогодбен престанок на работен однос, 1.424 лица  односно 11,3 отсто се поради отказ од страна на работникот, 932 лица или 7,4 отсто се поради отказ од работодавачот, 821 лица или 6,5 отсто се поради отказ од деловни причини (технолошки, економски, организациони и слични промени), 245 лица или 2 проценти се поради стечај – ликвидација, 99 лица или 0,8 отсто се поради престанок на дејноста на работодавачот, а останатите 372 лица или 3 проценти се поради други основи на престанок.

Според претежната дејност на работодавачот, пак, 4.738 лица или 37,7 отсто се  прилив од работен однос од преработувачката индустрија, 2.427 лица, односно 19,3 отсто се  од дејноста трговија на големо и трговија на мало, 1.031  лице или 8,2 проценти се од  дејноста објекти за сместување и сервисни дејности со храна,  757 лица или 6 проценти се од административни и помошни услужни дејности, 643 лица или 5,1 отсто  се од дејноста градежништво, 541 лица или 4,3 проценти се од дејноста транспорт и складирање и останатите невработени лица се прилив  од работен однос од други дејности.

Според школска подготовка, од  приливот на невработени лица од работен однос,  7.017 лица или 55,8 отсто се со непотполно средно и завршено средно образование, 3.172 лица или 25,2 отсто се без образование и со основно образование, а 2.391 лица или 19 проценти се со вишо и високо образование.

Според возраст на лицата, најголемиот број  се на возраст од 30 - 49 години, односно 5.958 лица или 47,4 отсто, на возраст над 50 години се 3.682 лица или 29,2 отсто, а на возраст до 29 години се 2.940 лица или 23,4 проценти.

Нина Нинеска-Фиданоска

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria