06 Мај, 2024
0.0242

Крајот на три визии за стабилна Европа

Објавено во: Економија 19 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

На стартот на должничката криза во еврозоната голем број економисти, политиколози и експерти земаа збор за различни поводи. Тие ги делеа големите идеи за тоа како може да се спречат катастрофи како таа во Грција. Така на пример се предлагаше јасно законски регулирана рамка за државни банкроти или воведување на Европски монетарен фонд, по примерот на ММФ, за да го надгледува оздравувањето на државите западнати во криза. На крајот на краиштата, освен заедничката валута Европа би требало да има и заедничка економска политика, тврдеа експертите. Накратко - грчкиот шок требаше да е причина да се научат сериозни лекции. Но од повеќето идеи и до денес не се случи ништо, пишува во својата анализа Die Welt. 1. Право за испаѓање во банкрот за земјите - нов хаос наместо ред Слично право за испаѓање во банкрот на земјите е постојано во фокусот на меѓународната финансиска политика. Уште во 2001 година ММФ предложи ваква реформа. Во текот на грчката криза оваа идеја повторно ја покрена. Но досега не беше преземено ништо конкретно. Усвојувањето на Законот за стечај ќе пополни една празнина во меѓународната финансиска архитектура. Постапките за стечај на земјите во моментов се случуваат доста неконтролирано. Кога Аргентина банкротира во 2001 година, имаше само губитници. Кредиторите не ги добија парите, а Аргентина исто чувствуваше огромни тешкотии за да собере пари. Грчкиот банкрот кој демне има потенцијал да ја сруши целата европски монетарна унија. Но досега секој обид да се воведе прилагодлив банкрот за земјите се урива. Бидејќи оваа реформа би ги нарушувала суверенитетот на должниците и правата на доверителите. Треба да се решат доста неудобни прашања - кога една земја паѓа во банкрот? Од какви суми треба да се лишат банките, а од колку - земјите? И што ќе се случи со банкарските салда, ако одеднаш дадени држави можат да прогласуваат банкрот? САД како најголем кредитор во светот го блокираат предлогот на ММФ од 2001 година. Критиката е во тоа што ММФ, кој им помага на послабите земји, се самопредлага за судија. Значи многу влади сметаат дека така ММФ ќе е во конфликт на интереси. "Овој предлог секогаш ќе остане само сон", вели член на федералната влада на Германија. 2. Европски монетарен фонд Кога германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле ја претстави за првпат идејата за создавање на Европски монетарен фонд, тој самиот не знаеше колку кратко ќе опстане таа. Само неколку дена подоцна сојузниот канцелар Ангела Меркел го поремети. Таа сакала да знае дека има на своја страна силен партнер како Меѓународниот монетарен фонд, кога станува збор за заздравување на економијата на европски држави. Една организација со експертиза во оваа област, а не нова структура која до овој момент не постоела дури и постои опасност да се соочи со недоверба меѓу земјите на ЕУ, истакна тогаш Меркел. Според шпекулациите идејата му е подкажана на Шојбле од неговите вработени Маркус Кербер и секретарот на министерството Јерг Асмусен. Според нив еден сличен фонд ќе им даде на Европјаните шанса да ја стабилизираат еврозоната среде најтешката нејзина криза, без да го повикуваат и молат за помош ММФ. "Учеството на ММФ првично не го радуваше Шојбле", се сеќава долгогодишниот негов соработник. Тогаш тој се обидувал да охрабри едно чисто европско решение. "Само Европјаните сами треба да ги решаваат своите проблеми", зборувал тој често. "Кој го познава Шојбле, знае дека нему не му се допаѓа често недипломатската интервенција на Америка за прашања поврзани со кризата", вели неговиот соработник. И сепак идејата за Европски монетарен фонд не е замрена. Таа е делумно реализирана во рамките на Европскиот стабилизационен механизам (ESM). А ако Грците сепак ја напуштат еврозоната, тогаш токму ваков фонд би бил логично продолжение на напорите на Европа да ги спаси своите економии. 3. Економска влада на ЕУ - зомби идеја од пред 20 години Прашањето за европска економска влада е старо како и самото евро. На крајот со договорот од Мастрихт во 1992 година официјално беше формирана европска економската и монетарната унија. На инсистирање на Германија Европската централна банка беше обврзана да се грижи само за ценовната стабилност. Но, со доаѓањето на еврокризата повторно актуелно стана прашањето за координирање на економската и финансиската политика во еврозоната. Додека Германија инсистира на почитување на построги буџетски правила, поранешниот претседател на Франција Никола Саркози стана портпаролот на оние кои се залагаат за зајакнување на економската политика. Многу земји беа загрижени од огромниот трговски суфицит на Германија, кој според нив е резултат на долгогодишниот дампинг на платите, со што германските стоки за извоз ја намлија вредноста. На Саркози би му се допаднало, ако трошоците за работна сила во Германија повторно се зголемат, што би ветило поголема потрошувачка во најголемата земја во еврозоната и на тој начин засилување на ветерот за извозот и на Франција. Од оваа идеја не остана многу. Во летото 2011 година Саркози и Меркел предложија создавање на орган со името "Економска влада", кој се состои од државите и влади на земјите од еврозоната и кој треба да се собира на седница два пати годишно. Овој предлог не е реализиран и до денес. K.K.

Можеби ќе ве интересира

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?