КРАЛСКО БЕБЕ: Војвотката Кетрин роди син
Објавено во: Свет 23 Април, 2018
Војвотката од
Кембриџ роди момче, нејзино трето дете и втор син.
Бебето кое се роди во болницата Св. Марија во Лондон, е петто по ред на престолот и шестиот правнук на кралицата.
Војводата од Кембриџ беше присутен на раѓањето на неговиот син во 11:01 БСТ.
Во изјавата на Кенсингтон Палас се вели дека Кетрин и нејзиниот син, кој сѐ уште не знаат како ќе се вика, се добро.
Кенсингтонската палата соопшти дека името на бебето ќе биде објавено навреме.
Меѓу омилените имиња се: Артур, Алберт, Фредерик, Џејмс и Филип.
Премиерката Тереза Меј им честита на Вилијам и Кетрин.