КРЕШНИК БЕКТЕШИ: не сме во најцрното сценарио, се работи на четвртиот сет мерки
Објавено во: Економија 04 Септември, 2020
„Согласно информациите кои јас како министер ги имам се движиме во првото сценарио кое и не е најцрно сценарио што се однесува до приходите на државата. Ние не застануваме тука, веќе се реализираат сите мерки од првите три сета економски. Во моментов се работи и на нов четврт економски сет“, истакна Крешник Бектеши.
Според него, ќе се дефинираат поединечни сектори каде би имало потреба за поголема поддршка од страна на државата, ќе се направат секако и даночни реформи и директно субвенционирање на компаниите кои би биле храбри во 2021 година да инвестираат.
Земајќи го во предвид досегашното искуство од справување со Ковид 19 и последиците кои ваквата појава ги остава врз економијата, Владата, рече Бектеши, е подготвена и во иднина да реагира со соодветни мерки, пред бизмисмените од Стопанската Комора на Северозападна Македонија.