30 Април, 2024
0.0274

КРИЕЛЕ КРИМИНАЛНО МИНАТО: Албанија им даде „клоца“ на тројца пратеници од Парламентот!

Објавено во: Балкан 30 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

Централната изборна комисија на Албанија отстрани од парламентот двајца пратеници и градоначалник поради тоа што криеле дека се осудувани за кривични дела во странство. Пред една година оваа земја усвои закон според кој од изборен пост ќе биде отстрануван секој кој бил осудуван или вршел криминални активности и злоупотреба во Албанија или во странство.

И тројцата негираат дека правеле нешто погрешно и велат дека ќе поднесат жалба на одлуката на ЦИК. Пратениците велат дека биле судени во отсуство во Италија. Од оваа година од новоизбраните политичар се бара да пополнат изјава за чисто криминално минато. Откако властите проверија домашни и странски бази на податоци, тие беа обвинети и отстранети од функциите. Елвис Роши е градоначалник на Каваие и е од Социјалистичката партија. Според обвинителството тој прикрил осуда за групно силување во Италија, употреба на различни имиња во Швајцарија и задржување во Цирих во дело поврзано со дрога. Шкелчим Селам, пратеник од коалициски партнер на социјалистите, е обвинет дека не пријавил задржување за една недела во Бриндизи во врска со трговијата со луѓе во 1994. Дашамир Тахири од опозициската Демократска партија не пријавил дека италијанската полиција го запрела и дека возел со лажна дозвола и бил осуден на 9 месеци затвор. Тој и Селам велат дека често ја посетуваат Италија и не знаат против нив дека има слични пресуди.

САД и ЕУ активно ја бараат примената на новиот закон, ја поздравија одлуката за тројцата политичари како победа на албанскиот народ и предупредија криминални пратеници да не се обидуваат да се кандидираат на парламентарни избори во 2017г.

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: Косовски Албанец уби Србин во Дизелдорф

УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: Косовски Албанец уби Србин во Дизелдорф

„ЛИДЛ“ ВО СРБИЈА СО НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: германската компанија го откажа рекламирањето на „проруските медиуми“

„ЛИДЛ“ ВО СРБИЈА СО НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: германската компанија го откажа рекламирањето на „проруските медиуми“

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

АКО ДЕНОВИВЕ ОДИТЕ ВО БЕЛГРАД, ВНИМАВАЈТЕ НА НОВИТЕ КАМЕРИ: Ова се локациите на кои демнат камерите, еве кои прекршоци автоматски ги регистрираат

АКО ДЕНОВИВЕ ОДИТЕ ВО БЕЛГРАД, ВНИМАВАЈТЕ НА НОВИТЕ КАМЕРИ: Ова се локациите на кои демнат камерите, еве кои прекршоци автоматски ги регистрираат

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?