02 Мај, 2024
0.0256

КРИМИНАЛ ЗА ПЕШАЧКИОТ МОСТ „ОКО“: Финансиска полиција му стегна кривична на Тодоровиќ

Објавено во: Економија 04 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

По првата завршена истрага денеска од Финансиската полиција ги соопштија деталите притоа стана јасно дека со кривична пријава ќе се соочи екс градоначалникот на општина Центар  Владимир Тодоровиќ.

На прес конференцијата директорот на управата, Арафат Муареми кажа дека ФП до ОЈО поднесува кривична пријава и за други две лица покрај Тодоровиќ.

Како што информира на денешната прес-конференција директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми, станува збор за успешно реализиран случај од проектот „Скопје  2014“.

- По неколкумесечни истражни дејствија, прибирање и поткрепување на докази Управата успешно го реши случајот што се однесува на изведување градежни работи на пешачкиот мост на реката Вардар „Око“, рече Муареми.

Како што образложи началникот во Управата Сузана Петровска, тројцата пријавени при вршење на дискреционо овластување и со пропуштање на должен надзор несовесно постапиле во вршење на своите овластувања и должности на име ненаплатени две банкарски гаранции за даден аванс во износ од околу 8,77 милиони денари, како и ненаплатена една банкарска гаранција за навремено и квалитетно извршување на работите на износ од околу 17,88 милиони денари. Со тоа, додаде таа, пријавените го оштетиле буџетот на општина Центар во вкупен износ од 26,653.000 денари.

Согласно Договорот за јавна набавка што го склучил градоначалникот на општина Центар во септември 2009 година за изградба на пешачкиот мост на реката Вардар „Око“ со правниот субјект „Конструктор – инженеринг“ АД за градежништво Сплит во висина од околу 92 милиони денари, како и анексот на договорот со кој вредноста на договорот се зголемува на близу 120 милиони денари, објектот требало да почне да се гради во јули 2010, а рокот за извршување на работите бил 18 месеци, односно заклучно 27 јануари 2012 година. Поради неисполнување на обврските од договорот, прекршување на рокот за изведување на работите, како и поради неквалитетно извршување на веќе изведените работи, во 2012 година општина Центар го раскинала договорот, а за довршување на работите за изградба на пешачкиот мост била спроведена нова постапка за јавна набавка и бил склучен договор со друг изведувач.  

Директорот Муареми информира дека нанесената штета во вкупен износ од 26,6 милиони денари или приближно 433.389 евра пријавените лица се согласија да ја надоместат во целост за што добиле потврда и од општина Центар дека на 30 јуни оваа година паричните средства се вратени на буџетската сметка на општината.

За тоа како дошло до реализирање на наплата на средствата, директорот на Управата за финансиска полиција објасни дека откако тие ги утврдиле сите незаконски дејствија преземени од страна на тројцата пријавени  во разговор со нив тројцата се согласиле дека постои штета и дека ќе ја подмират.

Можеби ќе ве интересира

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?