06 Мај, 2024
0.0240

КРИЗА: Ќе растат банкарските камати!

Објавено во: Економија 19 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

Кредитната побарувачка на компаниите ќе забави, кај населението ќе се зголеми. Новата Анкета за кредитна активност, која го анализира последниот квартал од лани, но и состојбата во првиот квартал од годинава, покажува дека вкупната политичка состојба во земјава сепак има влијание врз политиките на банките. Ризикот од неизвесноста ја зголемува претпазливоста на банкарите. Условите за кредитирање во периодот што следува нема да се олабавуваат, како што претходно очекуваа менаџерите од банкарскиот бизнис. Гувернерот Богов најави можно затегнување на монетарната политика, потег што ќе предизвика забавена кредитна активност, раст на каматите но и пад на БДП. Претпазливо и забавено кредитирање ... Се зголемува претпазливоста на банките при одборување на кредити. По ланското полугодие, во кое имаше позитивни очекувања за економијата, првите три месеци од годинава почнуваат со засилена претпазливост поради вкупната состојба во земјава, што ќе придонесе кон заостување на кредитните услови, особено за компаниите, се посочува во новата Анкета за кредитната активност. “По континуираното подобрување од вториот квартал на 2014 година, во првото тримесечје на 2015 година се забележуваат влошени согледувања за ризиците од страна на банките. Во вакви услови,очекувањата за вкупната економска активност и за перспективата на гранката на која припаѓа претпријатието,како и ризикот од неизвршување на обезбедувањето придонесуваат кон нето- заострување на условите за одобрување корпоративни кредити“, пишува во анкетата. Дел од економистите веќе предупредија дека политичката криза, која доби и безбедносни размери ќе има неминовни и сериозни последици врз вкупната економија. Прв секотор кој алармираше за штетите е туризмот, но веќе се упатува на тоа дека внатрешната неизвесност ќе ги забави не само андворешните, туку и внатрешните инвестициски активности. Според банкaрите, побарувачката за кредити во првите три месеци од годинава забавила. Од друга страна и самите банки најавуваат дека во периодот што следува кредитните услови нема да се олабават, како што претходно беше планирано и најавено. “Во првото тримесечје на 2015 година се забележува натамошно нето - зголемување на побарувачката на корпоративните кредити, но со послаба динамика споредено со претходната анкета“, оценуваат банкарите. На прашањето каква е промената на побарувачката за кредити од страна на фирмите во последните три месеци, 82,17 осто од банките одговорле дека состојбата е непроменета, а 15,7 отсто дека е делумно зголемена..На прашањето како се промените условите за кредитирање на фирмите, 54,9 отсто банките одговориле дека каматите останале непроменети, а 73 отсто одговориле дека непроменети останале и другите услови.. Во делот на кредитирањето на населението, се очекува умерено зголемување на побарувачката за кредити и олеснување на кредитните услови но со послаб интензинтет од претходниот период. Зголемување е регистрирано на потрошувачките кредити, а кај станбените кредитите побарувачката е помало темпо. “Перспективите на пазарот на станбена изградба, и понатаму се фактор којшто делува стимулативно на побарувачката на станбените кредити, но со умерено помал интензитет во однос на претходната анкета. Во оваа насока, делуваат и заштедите на населението, со ист интензитет како и во последниот квартал на 2014 година. Кредитите од останати банки и понатаму делуваат кон намалување на побарувачката за станбените кредити и тоа со поголем интензитет во однос на претходната анкета.“, се посочува во анкетата ... Можно затегнување на монетарната политика .. Народната банка на Република Македонија внимателно ги следи сите движења во економијата во последните неколку месеци по настанувањето на политичката криза во земјава и реакцијата и мерките што ќе ги преземе ќе бидат во согласност со остварувањето на основите цели на НБРМ - задржување на ценовната стабилност и стабилноста на банкарскито сектор, оцени гуверенерот Димитар Богов по псоледните политичко-безбедносни настани во земјава. “Во нашето основно макроекономско сценарио ја задржавме проекцијата за раст годинава од 4,1 проценти и 4,5 проценти наредната година. Но, сега кога ќе се менуваат работите во економијата по нашето основно сценарио може да дојдеме во ситуација целиот наш фокус да биде насочен на задржување на ценовната стабилност и стабилноста на банкарскиот сектор при што нема да имаме простор да го поддржиме економскиот раст, рече Богов додавајќи дека инструментите со кои би го сториле тоа е преку затегање на монетарната политика што би значело зголемување на каматните стапки и за бизнисите и за граѓаните“, изјави Богов. НБМ веќе најави дека со зголемена внимателност ќе ги следи настаните на внатрешно-политички план. Иако пред само една недела Народната банка објави дека нема да ја прмени прогнозата за економскиот раст годинава, сега гуверенерот Богов ја отвора можноста за заострување на монетраната политика, потег кој пак ќе влијае врз стапката на раст на БДП. “Ценовната стабилност ќе биде задржана, курсот на денарот во однос на еврото ќе биде задржан и ние ќе направиме се што е во наша моќ за да биде задржана стабилноста на банкарскиот сектор, но цената ќе ја платиме сите со тоа што ќе плаќаме поголеми камати и ќе имаме помал раст во економијата“, рече гуверенрот. . Тој потенцираше дека централната банка ќе има сознание дали политичката криза ќе има влијание во економијата во јуни или јули кога ќе ги добие податоците за движењата во економијата од април и мај. Народната банка, појасни, ги гледа макроекономските податоци кои доаѓаат со одредено задоцнувње. Кога ќе ги добие податоците за април и мај тогаш ќе има сознанија дали веќе се одразиле овие негативни политички случувања врз економијата. Според податоците на Народната банка заклучно со првиот квартал од годинава, е регистриран годишен раст на кредитната активност за 9,2%. Во истиот период салдото на нефункционалните кредити изнесувало 475 милиони евра и во однос на февруари има зголемување за околу 5 милиони евра. Д.А.

Можеби ќе ве интересира

АРАНЖМАНИТЕ ЗА МАЈ И ЈУНИ ПОПОЛНЕТИ, ИМА ПО НЕКОЕ МЕСТО И ЗА СЕПТЕМВРИ - Србите не се откажуваат од Грција, иако е поскапа за 15 отсто

АРАНЖМАНИТЕ ЗА МАЈ И ЈУНИ ПОПОЛНЕТИ, ИМА ПО НЕКОЕ МЕСТО И ЗА СЕПТЕМВРИ - Србите не се откажуваат од Грција, иако е поскапа за 15 отсто

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот