06 Мај, 2024
0.0278

Крижај сака да му тргне во Македонија она што не го оствари во Хрватска и Словенија

Објавено во: Економија 05 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Поранешниот осумкратен светски шампион во алпско скијање Бојан Крижај верува дека со својот бизнис со извори на обновлива енергија ќе наиде на плодна почва во Македонија и со тоа ќе надомести за инвестициите кои не му појдоа од рака во Словенија и Хрватска.

Друштво за производство и снабдување со енергија Мосен ДООЕЛ Скопје е името на новооснованата компанија на некогашниот скијачки ас во Македонија, која ќе произведува струја. Според објавата на Централниот регистар друштвото е основано со основен влог од 5.000 евра. Сопственик на друштвото е Друштво за инженеринг и обновливи извори Панергија ДООЕЛ експорт-импорт Скопје. Нејзини управители се Марцел Франц Сумпер од Австрија и Бојан Крижај од Словенија. Основна дејност на фирмата е производство на електрична енергија.

Премиерот Зоран Заев веќе имаше средба со спортската легенда, на која гостин беше и Томе Христоски, градоначалник на Општина Крушево. Oд страна на Крижај биле предложени идеи за искористување на природните потенцијали на Крушево, како за зимските спортови, така и на полето на енергетиката, преку изградба на парк на ветерници за производство на електрична енергија. Оваа инвестиција тој веќе одамна ја најавува.

Словенецот инаку почнува со бизнисот со обновливи извори на енергија во 2010 во словенечки Копер со намера да подигне електрана на сончеви панели, но тоа завршило неуспешно.  Големиот план Крижај за градење на топлинска електрана за производство на енергија од биомаса во Хрватска не се оствари. Загребскиот трговски суд издаде стечаен налог за фирмата „Сортитус“ во сопственост на Крижај. Бидејќи истовремено компанијата немала доволно финансиски средства за покривање на трошоците од стечајната постапка, судскиот процес заврши на истиот ден на кој што започнал. По правосилноста на одлуката, фирмата ќе биде избришана од хрватскиот регистар. 

Крижај започна проект вреден 40 милиони евра со двајца бизнис-партнери. Првиот бил Манфред Готард Шуберт, авториот Стојан Урбан, кој пред неколку години беше дел од аферата „Хипо“.  Проектот BioSava,  Крижај и Урбан им го презентирале во 2012 на градските советници во Славонски Брод. За тој проект се одлучиле затоа што градот имал изградено мрежа за далечинско греење и истовремено лежел во една од трите хрватски големи шумски региони. Според првичните планови, требало да се вработат 70-тина, а проектот да биде кофинансиран со европски средства, но тој никогаш не заживеал. .

Слично како хрватски „Сортитус“, со финансиски проблеми се соочува и со словенечки „Сортитус“. Од јавните достапни податоци се гледа дека компанијата не доплатила данок, а во текот на последната година ималo речиси два месеца блокирани трансакциски сметки.   Како самостоен приватен работник, Крижај успеа да достигне околу 28.000 евра од продажбата, што не е ни една петтина од приходите остварени во 2014 година. Додека во 2015 остварил чиста добивка во висина од 12.000 евра, во 2016 тој изгубил речиси 6.000 еврa.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?