Кризата во „Ер Франс“ ја намали вредноста на акциите на компанијата за 13%
Објавено во: Свет 07 Мај, 2018
Цената на акциите на Air France - KLM Group група паднаa во Париз по оставката на генералниот директор Жан-Марк Јанејак минатата недела ставaјќи ја најголемата европска авиокомпанија во криза во време кога штрајковите против компанијата продолжуваат и политичарите предупредуваат, дека нејзиниот опстанок е доведен во прашање, пишува Блумберг.
Акциите ја намалија вредностаза 13%, што претставува најголемо опаѓање во речиси последните две години. Пред денешниот дена, цената изгубила 40 отсто, при што акциите се претставија најлошо во Bloomberg World Airlines Index.
Штрајковите кои доведоа до оставка на Јанејак во петокот продолжија оваа недела, а околу 15 отсто од услугите се суспендирани денес, објави авиокомпанијата на својата веб-страница.
Иако скоро сите летови на долги релации се очекува да се одржат, еден од пет на аеродромот Шарл де Гол во Париз нема да бидат исполнети. Кратки летови од Орли исто така се одложени. Компанијата очекува штрајковите да продолжат и во вторник, што ќе донесе дополнителни проблеми.
Јанејак јави дека ќе поднесе оставка на одборот на директори на 9-ти мај. Францускиот министер за финансии, Бруно Ле Маир, во неделата рече дека барањата на вработените се "неоправдани" и инсистираат на тоа дека покажуваат "одговорност".
Во петокот од "Ер Франс" соопштија дека зголемувањето на трошоците за гориво и посилното евро ќе придонесат за зголемување на притисокот предизвикан од серија напади од страна на вработените кои се борат за повисоки плати.
Во последен момент патниците може да очекуваат одложувања и откажувања, велат од Ер Франс.
Фото: Ројтерс