04 Мај, 2024
0.0240

Куглање во најголемиот забавен центар во градот

Објавено во: Стил 08 Март, 2015

Добивај вести на Viber

Несекојдневен и интересен начин да го поминете вашето семејно попладне во дружба со најблиските За време на кусите зимски денови кога движењето во надворешни услови е лимитирано едно од најчестите прашања кои си ги поставуваме е каде квалитетно да го поминеме попладнето со семејствoто и пријателите. Во потрага по соодветно место кое ќе ги задоволи сите вкусови и годишни разлики дојдовме до интересен предлог кој вреди да се проба. Во Скопје полека но сигурно станува популарно куглањето кое покрај тоа што е неверојатно забавна друштвена игра се вбројува и во групата на спортови. На третиот кат во новиот трговски центар Капитол Мол можете да ја посетите кугланата „4Bowling“ која се наоѓа на површина од 400м2 со четири патеки за куглање, три билјард маси, бар и сето тоа надополнето со пространа и отворена тераса. Оваа куглана е дел од Капитол плеј - најголемиот забавен центар во градот со цени за користење прилагодени на нашите услови. Кугланата „4Bowling“ е опремена од водечкиот американски производител на опрема за куглање– Brunswick и e дизајнирана за да го претставува најдоброто место за забава, рекреација, дружење и освежување Во рамките на овој простор за забава и рекреација постојано се организираат различни настани, натпревари, турнири (поединечни и тимски) во куглање и билјард со награди за победниците и поразените. Како дел од забавната програма секако не изостануваат и организирањето на роденденски забави, промоции и корпоративни настани итн. Куглањето со 10-те кегли е друштвена игра наменета за сите возрасти. Нема да не зачуди доколку кажеме дека првите форми на куглање се забележани уште во древните времиња на стариот Египет. Својата популарност ја стекнало благодарение на позитивното чувство кое го предизвикува како и забавата во која се вклучени повеќе играчи. Играчите можат да бидат припадници на помладата но и постарата генерација бидејќи овозожува квалитетно дружење и насмевки.