Кукан: Очекувам пресврт во политичките случувања во Македонија
Објавено во: Македонија 21 Април, 2017
Европскиот известувач за Македонија вели дека без почитување на владеењето на правото нема влез во ЕУ.
Едвард Кукан во наредните месеци очекува значителен пресврт во политичките случувања во Македонија и во другите балкански земји зафатени од „трендот“ на блокада и на бојкот на клучните институции.
Овој став тој го изнесува во интервјуто за „Еуропиан Вестерн Балканс“ (European Western Balkans).
„Ние се соочуваме со сериозна политичка криза во Македонија и во Албанија. Во другите земји во регионот, на пример, Црна Гора и Косово, се борат со бојкот на парламентите. Се чини дека ова е регионален тренд, кој е контрапродуктивен за демократскиот развој во земјите кои европскиот праг. Се надевам дека во следните месеци ќе видиме значителен пресврт во овој тренд. Сепак, тоа е првиот и најфундаментален Копенхашки критериум“, потенцира Кукан.
Кукан како што пренесе мета во интервјуто зборува за перспективата на Европската Унија, политиката на проширување и за состојбите во земјите од Западен Балкан – кандидати за членство во Европската Унија.