Куќи, станови и верски објект - свлечиште направи огромни штети
Објавено во: Балкан 16 Мај, 2019
Свлечиште уништи куќи, станови и верски објект во Турција.
Се работи за 53 станбени објекти и една џамија кои се уништени денеска при лизгање на земјиште во црноморската провинција Орду во северниот дел на Турција.
Гувернерот на Орду, Седар Јавуз вели дека свлечиштето уништило 22 згради, 31 куќа и џамија. Сепак нема информации за загинати или повредени лица.
Властите денеска издадоа наредба за евакуирање на цела населба во која живеат 70 домаќинства.
„Досега требаше да бидат евакуирани 61 зграда и 80 куќи“ – додаде Јавуз.
Свлечиштето се појавило во февруари оваа година кога властите ги евакуирале жителите на 29 куќи. Денеска свлечиштето пак се активирало како последица на обилните дождови.