01 Мај, 2024
0.0288

Купувале по 450 денари од квадрат, иако реалната цена била 300 евра

Објавено во: Македонија 19 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Времените монтажни објекти на булевар Илинденска во општина Карпош не смеело да бидат предмет на продажба на трите фирми-претприемачи, објави Тони Ангеловски, портпаролот на МВР на денешната прес-конференција по приведувањето на поранешниот градоначалник Стевче Јакимовски и двајца негови соработници.

„Согласно законските одредби не смееле да бидат предмет на правен статус, но сепак од општина Карпош постапиле по барањето и дале согласност за купување на земјиштето и направиле кривично дело злоупотреба на службена положба. Од 2011 до 2017-та превземале дејствија кои не смееле да ги превземат - истакна Ангеловски.

Во пријавата од МВР стои дека се работи за времени објекти, кои биле третирани како да се бесправно изградени обкети. Фирмите се стекнале со ексклузивно пораво да извршат купување на земјиштето, а спротивно од Законот за градежно земјиште.

- Тие не биле бесправно изградени објекти, туку во сопственост на Република Северна Македонија и не биле дел од градежно земјиште. На тој начин службените лица од општина Карпош им овозможиле на Гром-промет, ЕМАК и Дот Мебел  да се стекнат со имот - изјави Тони Ангеловски, портпаролот на МВР на денешната прес-конференција.

Барањето за купување на земјиштето од трите фирми го поднело физичкото лице Д.К. Гром-промет купил 1.533 метри квадрати на перцела која имала вредност од  28 милиони денари. ЕМАК купул земјиште од 722 метри квадратни во 2016-та кое инаку имало вредност од 13 милиони денари. На Дот Мебел му било озвожено откуп по 450 ден од метар квадратен, иако требало да биде 300 евра почетна цена.


Можеби ќе ве интересира

Повторно телефонски измами во Охрид

Повторно телефонски измами во Охрид

Апасиев од Охрид: Македонска платформа, за да запрат уцените од балистите

Апасиев од Охрид: Македонска платформа, за да запрат уцените од балистите

Починатата девојка во Штип била ќерка на жената која уби и запали маж во Кавадарци

Починатата девојка во Штип била ќерка на жената која уби и запали маж во Кавадарци

Еден од најпознатите македонски специјалисти на митинг на ВМРО-ДПМНЕ

Еден од најпознатите македонски специјалисти на митинг на ВМРО-ДПМНЕ

Силјановска Давкова: Мојот сопруг се однесува како тој на Ангела Меркел

Силјановска Давкова: Мојот сопруг се однесува како тој на Ангела Меркел

Мандатот за составување Влада ќе го дава новоизбраниот претседател

Мандатот за составување Влада ќе го дава новоизбраниот претседател

Ковачевски го одби условот на Димитриевски за коалицирање: Ние не сме човек-партија

Ковачевски го одби условот на Димитриевски за коалицирање: Ние не сме човек-партија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Панче Тошковски вели дека Палевски ќе биде екстрадиран во најкраток рок

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Панче Тошковски вели дека Палевски ќе биде екстрадиран во најкраток рок

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Супер е шишање кај бербер со слична фризура

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Супер е шишање кај бербер со слична фризура