КУРДИТЕ ИМ НАЈАВИЈА ОДМАЗДА НА ЏИХАДИСТИТЕ: Сега ќе ви влеземе во сите места!
Објавено во: Свет 15 Јуни, 2016
Сиријските курдски лидери го осудија нападот во Орландо во кој загинаа најмалку 50 цивили и ветија дека ќе и се одмаздат на Исламска држава во Сирија.
„Го изразуваме нашето сочувство до американскиот народ“, рекол Ибрахим Курдо, шеф на надворешните работи во Кобане.
„Сочувствуваме со вас.Тоа што се случи во Белгија и Франција, се случи и во Кобане“, рекол курдскиот претставник.
„Ние сме против оваа идеологија која му се заканува на цел свет и нема граници“, рекол тој.
„Ние сме тие кои веруваат во братство и затоа светот треба да не поддржи во борба против тероризмот. И се спротивставуваме на оваа терористичка група и ќе се бориме против тероризмот во нивните жаришта“, додал тој.