04 Мај, 2024
0.0242

Курти не гледа пречка да формира Влада и да биде премиер

Објавено во: Балкан 27 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Албин Курти, лидерот на Движењето Самоопределување, кој се очекува да го добие мандатот за формирање влада откако неговата партија победи на вонредните парламентарни избори во Косово, изјави дека нема ниедна пречка што не може да се надмине во преговорите за формирање нова влада меѓу неговата партија и Демократскиот сојуз на Косово, кој беше втор на изборите од 6 октомври, јавува МИА. 

Во денешното интервју за новинската агенција КосоваПрес, Курти најави дека деновиве ќе се сретне со лидерот на ЛДК, Иса Мустафа, додека работните групи на двете досега опозициски партии ќе се сретнат утре, за да разговараат за економските приоритети на новата Влада.

Идниот косовски премиер повтори дека во владата што тој ќе ја води нема да има претставник од Српската листа, иако таа најголема партија на косовските Срби и на овие избори извојува уверлива победа во срединити со мнозинско српско население.

Претходно, во интервју за јавната телевизија РТК, Курти рече дека новата влада ќе ја испочитува уставната обврска во неа да има министер од редовите на српската етничка заедница во земјата, но дека нема законска обврска тоа да биде претставник на партијата победничка во српскиот блок, во случајов СЛ.

Што се однесува до другите малцински етнички заедници, Курти вели дека тие исто така ќе имаат еден министер во неговиот кабинет и дека, спред досегашните контакти, партиите од тие заедници кои освоиле места во новото Собрание на Косово, пројавиле интерес да бидат дел од владејачката коалиција.

Косовска влада ќе има 12 министри, од кои еден Србин и еден припадник на другите немнозински етнички заедници, а секој ресор ќе има по двајца заменици министри. Владата во оставка на Рамуш Харадинај има 21 министер и околу 100 заменици министри.


Можеби ќе ве интересира

Белгија се приклучи на листата на коспонзори на резолуцијата за Сребреница

Белгија се приклучи на листата на коспонзори на резолуцијата за Сребреница

ПРОГЛАСЕНА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО СОСЕДСТВОТО: Дождот создаде хаос, реката се излеа, луѓето и добитокот се евакуираат (ВИДЕО)

ПРОГЛАСЕНА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО СОСЕДСТВОТО: Дождот создаде хаос, реката се излеа, луѓето и добитокот се евакуираат (ВИДЕО)

ШОКАНТНИ СЦЕНИ ПРЕД „РИБНИКАР“ - и родителите на убиените деца пристигнаа

ШОКАНТНИ СЦЕНИ ПРЕД „РИБНИКАР“ - и родителите на убиените деца пристигнаа

ТРАГЕДИЈА КАКВА СВЕТОТ НЕ ПАМЕТИ - годишнина од масовното пукање во основното училиште во Србија

ТРАГЕДИЈА КАКВА СВЕТОТ НЕ ПАМЕТИ - годишнина од масовното пукање во основното училиште во Србија

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни