06 Мај, 2024
0.0233

ЛАНИ 257 МИЛИОНИ: Колку ќе остават странските туристи годинава?

Објавено во: Економија 19 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Странските туристи лани потрошија 257 милиони евра во земјава, а девизниот прилив од нив во првите шест месеци од оваа година изнесува 89 милиони евра, покажуваат податоците за платниот биланс на Народната банка на Македонија.

Според статистиката, во овој период, земјава ја посетиле 251.668 странски туристи, што значи дека секој од нив потрошил во просек по 340 евра за време на нивниот престој во македонските туристички знаменитости.

Охрабрувачки за туристичкиот сектор е што од година во година расте износот на парите што странците ги оставаат при посетата на нашите туристички центри. Така, минатогодишниот прилив на девизи во туризмот е за 17 милиони евра поголем во споредба со 2015 година, а дури 35 милиони евра отколку во 2014 година. Овој тренд продолжува и оваа година, па туристичките работници во првите пет месеци од 2017 година заработија 9 милиони евра повеќе во споредба со истиот период лани.

Според Ѓорѓи В`чков, претседател на Стопанската комора за туризам на Македонија овој зголемен девизен прилив од странските туристи се должи на неколку мерки и активности кои беа преземени во последниве години.

- Една од нив е силната промотивна кампања на македонските знаменитости во голем број светски туристички магазини и медиуми. За оваа година исто така очекуваме зголемување на бројот на посети од странски туристи. Придонес има зголемување на бројот на летови до скопскиот и охридскиот аеродром од страна на нискобуџетните авиокомпании, а со модернизација на автопатската мрежа очекуваме и поголем број на туристи кои ќе патуваат низ Македонија со автобуси или сопствени возила- вели В`чков.

Ефект од Супер купот

Растот на бројот на гости во текот на летната сезона, кога се остварува и најголем дел од девизниот прилив во овој сектор, најавува дека оваа година Македонија од туризмот ќе заработи повеќе отколку во минатата година. Голем придонес за девизен прилив од туризмот се очекува да даде и неодамна одржаното финалето на Супер купот на УЕФА во Скопје, кое во главниот град привлече неколку десетици илјади љубители на Реал и на Манчестер јунајтед од целиот свет. Засега нема официјални бројки за финансискиот ефект од суперфиналето, но исполнетите хотели, ресторани и продавници за време на овој настан даваат надеж дека тој ќе биде изразен со десетина милиони евра.

Оптимизам за подобри приходи од туристичката дејност се гледа и во статистичките податоците, според кои оваа година ќе биде подобра од минатата според бројот на туристи во Македонија, особено во делот на посетите на странските туристи.

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека годинава тргна на добро, па во периодот јануари- јуни 2017 година во споредба со истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 12,6 отсто и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 11,4 отсто , а кај странските за 13,1 отсто. Статистиката покажува дека во првата половина од годинава бројот на ноќевањата е зголемен за 12,5 отсто, односно кај домашните туристи има зголемување за 9,7 отсто, а кај странските за 14,3 отсто.

И ние не сме покуси

Од друга страна, податоците за платниот биланс покажуваат дека македонските туристи во 2016 години потрошија 162 милиони евра на патувања во странство, што е за 18 милиони евра повеќе во споредба со претходната година. Ова значи дека во текот на минатата година во туристичкиот сектор во земјава се свртени околу 419 милиони евра, при што е остварено позитивно салдо од 94,5 милиони евра.

Податоците за лани покажуваат дека по месеци, најголем девизен прилив од странските туристи е остварен во јули и во август, 30,7 милиони евра, односно 43,9 милиони евра. Во јуни странците оставиле 20,7 милиони евра во туристичкиот сектор, а во септември 24,2 милиони. Во другите месеци, приходите се движат по околу 15 милиони евра.

Инаку, туризмот како стопанска гранка учествува во македонскиот бруто домашен производ во 2013 и 2014 година е 2,3 отсто, а се планира до 2020 година да достигне до 5 отсто.

Можеби ќе ве интересира

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?