07 Октомври, 2024
0.0241

Лавот во Кан, лавовски чекор кон соживотот, можна ли е заедничка молитва на МПЦ и ИВЗ?

Објавено во: Мои пари 14 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

Најголемиот собир на рекламните агенции во светот е Канскиот фестивал на креативноста.   11.000 акредитирани делегати од  вкупно 100 земји ги следеа резултатите од маркетинг-кампањите од целиот свет, додека меѓународното експертско жири оценуваше во 17 категории во кои беа пријавени повеќе од 37.000 креативни решенија, на 4.000 компании од маркетинг-индустријата. Помеѓу тие 17 категории се најдоа и нашите преставници кои за првапат успеаа да не вметнат меѓу ѕвездите. Спотот  „10 метри одвоени - Ден на заедничка молитва“ на македонската агенција „Њу момент“ во Кан ја освои наградата „Кански лав“ во категоријата „Титаниум - интегрирана кампања“. За првпат,  вака висока награда од Канскиот фестивал да е доделена на земја од Балканот. Првиот човек на Њу момент возбудено сеуште под импресии од овој престижен момент, раскажува дека си дозволиле целата екипа да се искачи на сцена, иако требало двајца, го развиориле македонското знаме, бидејќи ова навистина е една од тие ретки прилики кога тоа задоволство може да се приушти на една светска сцена, посебно кога доаѓаш од мала земја. Тоа покрај нив го сторила само уште екипата на Перу, кои на истиот настан се стекнаа со една од наградите во останатите категории. Спотот “10 метри одвоени” е дел од пошироката кампања споведена од Генералниот секретријат на Владата на Република Македонија за соживот и за религиска толеранција, која во земјава ја реализираа неколку маркетинг-агенции. За Фактор зборуваат главните „виновници“ што Македонија доби Лав во Кан, а меѓу нив ги имаме ставовите и на двата најпопуларни ликови, Отец Михаил и Мифтар Оџа. Фактор: Дали ова признание и за вас како свештени лица е предизвик на молитивите да ја доближите до луѓето енегријата која не спојува, различни, но сепак едни до други заедно? Отец Михаил: Животот на сите нас е постојан предизвик, особено свештеничкиот. Како свештеник, учествуваш во секојдневните убави и помалку убави нешта на луѓето, и во сите нив треба да дадеш енергија за радост и за тага! Уште поголем предизвик е да ги спојуваш луѓето во светлото на нивните разлики, кога ќе ги спознаат разликите, истите разлики ќе ги спојат, оти ќе ги научат на меѓусебна почит...тое е првиот чекот до соживот и толеранција. Мифтар Оџа Секако дека наградата е предизвик и спремен сум оваа моја енергија да ја пренесам и на други луѓе. Фактор : Дали ве препознаа, дали ви честитаа луѓето кои доаѓаат на вашите молитви? Отец Михаил: Луѓето кои доаѓаат на моите молитви ја препознаа позитивната енергија која води во насока на зеднички соживот и ја поздравуваат пораката со почит и уважување. И што е уште поважно, со помош на најважниот медиум - телевизијата, оваа важна порака стана дел од секој дом, во нашата земја и пошироко. Мифтар Ислами: Да, луѓето секојдневно ме препознаваат и ми честитаат. Фактор : Дали сте подготвени за заедничка молитва и во живо, во реална ситуација, или сметате дека поделеноста на општеството тоа не може да го дозволи? Отец Михаил: Живееме во реален свет, кој за жал носи и поделби. Но да гледаме на тоа како на еден јаз кој не треба да е непремостлив, туку во него, преку заедничката молитва да ја видиме и препознаеме светлината која ќе не доведе до зедничко чекорење низ животот а не чекорење едни до други. Молитвата е неизоставен дел од животот на свештеникот и подготвеноста за тоа секогаш мора да е на едно високо ниво...и цврсто верувам дека со нашиот пример, поделеноста се повеќе се минимизира...за доброто на сите, мора да ја оставиме зад нас. Мифтар Ислами: Ние сме подготвени за заедничка молитва. Но сметам дека можеби сите вери не се доволно подготвени да прифатат заеднички  да се молиме, но и дека општеството не е доволно созреано да прифати една таква молитва.  МПЦ и натаму е фаворизирана, додека другите вери се маргинализирани. Доказ за тоа е враќањето на имотот на ИВЗ и изградбата на запалената џамија во Прилеп. ШТО ОЧЕКУВАА ВО ЊУ МОМЕНТ Фактор: Престижната награда која ја нарекуваат уште и маркетиншки Оскар стаса на Балканот и тоа во рацете на македонска екипа. Ние во земјава најчесто сме навикнати на она мото „ отидовме да учествуваме“, но вие  создадовте ново  „дојдовме да победиме“.  Дали ова навистина беше вашето очекување од Канскиот фестивал? Сашо Пешев, генерален директор  и партнер на агенцијата : Македонија стравува и генерално се чувсвува понизно кога треба да се излезе на странските сцени. Ние не патиме од комплекс на помала вредност. Тоа не е карактеристика на Њу Момент. Ние се обидуваме да учествуваме во сите вакви преставувања кои покрај креативност, време, труд чинат и пари. Еве конкретно за учество на овој престижен мракетинг фестивал во Кан, партиципацијата е 1500 евра. За споредба, како на тоа гледа светот и поголемите маркетинг компании, ќе го посочам нашиот партнер од Дубаи кој учествуваше со 200 свои проекти кои чинат од 500 до 1500 евра поеднинечно. Ова е прв “Кански Лав” за агенцијата “Њу момент”, која е вреднувана како една од најкреативните агенции на подрачјето на Југоисточна Европа и која во своето портфолио веќе брои 70 меѓународни награди. Фактор: Што ќе значи Титаниумот за Њу момент? Сашо Пешев: Во Македонија наградата можеби нема да значи некаков голем престиж, иако сите колеги беа пресреќни и ни честитаа. Титаниумот имаше поголем одек надвор во глобални рамки. Тоа уште веднаш го покажа групацијата од која сме и ние дел, WPP. Тоа е Британска мултинационална  компанија за рекламирање и односи со јавност кои котираат на Лондонската берза. Тие уште веднаш покажаа интрес за компанијата која доаѓа од мала земја, а е  во нивен состав, ние  уште вечерта добивме покана и седнавме на главната маса. Титаниумот е освоен токму од нас, а секоја награда, посебно оваа како најзначајна во маркетинг бизнис носи поени кои веднаш резултираат со свое влијание на нивните акции на берзата.  Токму во тоа е бенефитот од наградите, посебно Титаниумот, кој е најпрестижен,  а ете, коцките се поклопија и го освоивме токму ние. Контактите кои по вечерта се случија на глобално ниво за нас укажуваат како светот ја вреднува оваа награда. Вие веќе не сте од малата блаканска земја Македонија , туку тимот кој го освои Титаниумот. Тоа во овој бизнис значи могу контакти, комуникација со светски фирми, средби, преговори за сериозни соработки. Тоа за нас секако ќе биде голем бенефит во иднина. Фактор: Интересна е пораката на спотот „10 метри одвоени-Ден на заедничка молитва“. Емоциите за сплотеност ги привлекоа странците. Какви се најчесто нивните реакции по прегледувањето на спотот? Како ве примија сите кои имаа прилика да го погледнат спотот? Eли Пешева, директор за комуникации во Њу  момент: Пораката на кампањата е многу моќна, многу емотивна, многу современа. Тоа е ситуација која на еден или друг начин може да се сретне во речиси секое современо општество. Различни религии, различни вери, различни луѓе. Ние направивме видео во кое луѓето се препознаваат, со силна порака за единство, за заедништво. Членовите на жирито на Канскиот фестивал ја препознаа оваа идеа, и затоа светот ни даде поддршка за неа. Лавот е потврда дека размислуваме во вистинската насока, дека маркетинг индустријата ја носиме во вистински правец, да биде општествено ангажирана, социјално корисна. Има многу искрени чувства во оваа кампања. Екипата на Њу Момент не работеше само комерцијално, ние веруваме во неа, очигледно и луѓето кои учествуваа, кои не се актери, веруваат дека е можна, нарачателот на кампањата верува дека е можна. Оваа кампања дури сега ќе почне да живее на терен, ова е само нејзиниот почеток. Фактор: Емоцијата на заедништво, веруваме, не е единственото нешто што овој спот го поседува. Дали присуството на ваков фестивал бара и одредени стандарди на продукција кои терба да се задоволат? Филип Димитров, продуцент на наградениот спот: Пишани стандарди за ниво продукција како предуслов за учество во Канскиот фестивал, нема. Потребно е само да се аплицира со креативното решение. Од друга страна, оние стандарди кои се наметнати од решенијата аплицирани  на Кан се на највисоко ниво. Многу често, продукциска вредност се изедначува со парите кои се вложени, потрошени за една идеја. Јас продукциската вредност ја гледам на поинаков начин, како склоп на многу фактори од кој само еден се парите. Во овој спот, најголемата вредност ја гледам во успехот да се реализира една многу хумана идеја, на начин на кој досега тоа не е направено никаде во светот. Ние не успеавме да најдеме друг снимен пример на зедничка молитва било каде во светот. Мислам дека и тоа беше главна причина за наградувањето на оваа идеја. СЛАВЈЕ ВО ОХРИД Највисокото меѓународно признание “Њу момент” од Македонија оваа година ќе го прослави заедно со својот 20 роденден.  Инаку самото славење заедно со останатите посестрински компании на Балканот траело 4-5 дена во Охрид. Фактор: Какви се реакциите на вашите сестрински фирми на Балканот? Дали се гордеат со вашиот успех? Ели Пешева: Толку искрена еуфорија не сум доживеала. Њу Момент не е американски тип на конзорциум, ова е компанија која во сите 9 држави во кои функционира е еден вид на фирма во која луѓето се чувствуваат како дома, семејна и топла, вработените се блиски, заедно делиме радост и тага, некако остануваме поврзани дури и кога луѓето флуктуираат, заминуваат, се враќаат...Знам дека некои од колегите од Словенија, Хрватска, Босна, Србија плачеа од радост, дека јадеа многу чоколадо за смирување емоции, пукаа шампањски и дека телефоните не се смирија до 3 часот по полноќ на денот на церемонијата. Ни честитаа и колеги кои не се дел од нашата компанија, со кои се среќаваме на светските фестивали, со кои соработуваме, но и со кои сме конкуренти. Се јавуваа мои сегашни и поранешни колеги новинари, известувачи од Кан, кои се чувствуваа како дел од успехот важен за целиот Балкан, за целата Јадранска регија. Ова е награда, признание за една идеа која сите не поврзува, и која едноставно е толку голема што не може да се игнорира. Фактор : По две децении во Македонија, Њу момент веруваме како тим веќе има визија за она што го посакува во блиска иднина? Ели Пешева: Сакаме Њу Момент да остане да важи како компанија чија работа ја дефинира патеката на целата маркетинг индустрија, која не само што не размислува надвор од рамките, туку едноставно ги има отстрането рамките. Сега кога знаеме дека светот е отворен, ја цени и поддржува нашата работа, и дека е можно да застанеме на истиот подиум со најдобрите креативни умови од целиот свет, дека можеме да донесеме бенефит за Македонија, конечно да не препознаваат и по добро, небото е граница. Сакаме да се вратиме во Кан и да им покажеме на сите дека нашата кампања живее во реалноста. И се разбира, да се бориме за уште награди. ЗА СНИМАЊЕТО http://www.youtube.com/watch?list=UUmyskFzARYmwCJ1P3jld_nw&feature=player_embedded&v=C0vLcg3h5cc Екипата на Њу момент истражувајќи за изработката на спотот, со задоволство открива дека никој досега никој не направил нешто  ни приближно слично, па затоа нивниот креативен дух со задоволство ја превзема оваа навистина оригинална концепција која емотивно го допира и жирито во Кан. Фактор: Колку беше тешко или лесно да се спојат двајцата главни протагонисти во спотот, отец Михаил и мифтарот Ислами? Филип Димитров: Отец Михаил и мифтар Ислами се преставници на двете најголеми заедници во Македонија. Тоа што е битно тука да се каже е дека некој решил да го награди нашиот македонски начин на живот. Различни, а сепак заедно. Оваа кампања токму тоа го прикажува на многу пластичен начин. Ние сме различни, секој со своите обичаи и со својата религија, но можеме без никаков проблем да живееме заедно на исто место. Тој зеаднички живот е пример за цел свет и затоа е награден со светска награда. Сметам дека оваа кампања не треба да застане тука. Ова признание го гледам како почеток на повеќе активности, меѓу кои прва е иницијативата за ден на заедничка молитва. Вики Ристоска

Можеби ќе ве интересира

СКОПСКО успешно ја заврши втората голема акција за чистење на Охридското Езеро

СКОПСКО успешно ја заврши втората голема акција за чистење на Охридското Езеро

Пет години Mitra.mk!

Пет години Mitra.mk!

Нов елитен станбено деловен комплекс Порта Скопје by Adora – Општина Центар

Нов елитен станбено деловен комплекс Порта Скопје by Adora – Општина Центар

Групација Триглав повторно доби висок кредитен рејтинг „А“ Во 2024 година, AM Best очекува успешно работење на Групација Триглав согласно последните години

Групација Триглав повторно доби висок кредитен рејтинг „А“ Во 2024 година, AM Best очекува успешно работење на Групација Триглав согласно последните години

Продавниците на Телеком нема да работат во текот на претстојниот викенд, на 5 и 6 октомври

Продавниците на Телеком нема да работат во текот на претстојниот викенд, на 5 и 6 октомври

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ – РЕГИОНАЛЕН ВОДЕЧКИ ЦЕНТАР ЗА ИНТЕРВЕНТНА РАДИОЛОГИЈА

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ – РЕГИОНАЛЕН ВОДЕЧКИ ЦЕНТАР ЗА ИНТЕРВЕНТНА РАДИОЛОГИЈА

Првата работилница за родители од проектот „Крени глас“ на „Макпетрол“ утре ќе се одржи во „Песталоци“

Првата работилница за родители од проектот „Крени глас“ на „Макпетрол“ утре ќе се одржи во „Песталоци“

ТАВ АЕРОДРОМИ: АВИОНСКОТО КАРГО НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ СО ПОРАСТ ОД НАД 40 ОТСТО ОД ЈАНУАРИ ДО АВГУСТ

ТАВ АЕРОДРОМИ: АВИОНСКОТО КАРГО НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ СО ПОРАСТ ОД НАД 40 ОТСТО ОД ЈАНУАРИ ДО АВГУСТ

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: БЛАГОЈЧО КОЛАРСКИ Е ВЛТ МИЛИОНЕР, ОСВОИ 1.799.026 ДЕНАРИ

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: БЛАГОЈЧО КОЛАРСКИ Е ВЛТ МИЛИОНЕР, ОСВОИ 1.799.026 ДЕНАРИ