08 Мај, 2024
0.0226

Лазаров: „Сонот е остварен, колекцијата е комплетирана, медалот е за мојот татко“

Објавено во: Стил 31 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

Стегна заби и покрај болката која го пратеше во текјот на мечот и Кирил Лазаров го испиша своето најзначајно поглавје во кариерата. Успеа да ја освои Лигата на шампионите во ракомет и убаво беше да се види македонското знаме и на теренот и на трибините, па и околу вратот на Лазаров при изјавите.

„Чувството е неописиво. Конечно го остварив сонот за кој играв цела кариера и поминав позитивни и помалку позитивни моменти, но секогаш верував дека ќе дојде овој ден. Сега кога дојдов до првиот трофеј, апетитите ќе пораснат. Мислам дека игравме многу зрело, како вечерва, така и цела сезона, во групната фаза и во елиминациите. Имав пех на почетокот од мечот, почувствував болка во листот од десната нога, се обидов да се вратам, и стручниот шатб инсистираше, но болката беше посилна. Но како што реков и вчера ние сме тим, еден ден ќе блесне еден, друг ден друг ракометар, важен е колективот.

Оваа година играме многу тимски, мислам дека се запознавме, ги отфрливме инвидуалностите кои ги имавме минатата година и успеавме да дојдеме до европската титула. Сакам да им се заблагодарам на моите пријатели, моите најблиски, мојата фамилија кои секогаш беа покрај мене во текот на кариерата и секако на мојот татко, кој е починат, но и е најзаслужен за тоа што сум денес„ заклучи Лазаров со македонското знаме во микс-зоната по натпреварот. Вечерва со чартер лет новиот европски првак се враќа дома, а од утре започнува прославата на титулата.

(Извор: lazarovkiril7.com)