Лажна дојава за бомба во фабрика во Тетово
Објавено во: Македонија 23 Март, 2023
Лажна дојава за бомба денеска претпладне била пријавена во фабриката Леар во Индустриската зона во Тетово.
Слободен печат објави дека вработените биле изнесени надвор од производствениот погон и во кругот на фабриката чекале повеќе од еден час за да се вратат на работа.
Во кругот на фабриката имало и полициски службеници, а вработените се вратиle на работните места околу 11:30 часот.