04 Мај, 2024
0.0226

ЛЕТУВАЊЕ БЕЗ ГУЖВИ, НА ПОЛА ЦЕНА, И БЕЗ ГОРЕШТИНИ: Ви откриваме како!

Објавено во: Стил 12 Април, 2016

Добивај вести на Viber

Ако сакате на летување вон сезона, имаме добри вести за вас. Цените на аранжманите може да бидат пониски и до 50 одсто во однос на цените во текот на јули и август, кога сезоната е во полн ек.

Агенциите имаат разни понуди, но се со цел да се стимулираат резервациите на аранжмани во текот на мај и септември.

Од агенциите велат како цените за некои дестинации се пониски за 20-30 одсто, а за поедини туристички места износот на цените на аранжманите може да биде намален и за 50 одсто.

„Во мај е помала заинтересираноста на луѓето кога е летувањето во прашање, додека во септември интересот е на завидно ниво, бидејќи на одредени дестинации водата е потопла отколку во мај, но тоа не е пречка и за тој месец да има доста заинтересираност“, укажуваат од повеќе агенции.

Aко посакате да летувате во соседна Грција , во Неа Потидеа или Пефкохори, пред сезона, за пакет аранжман за седум ноќевања потребно е да платите 39 евра по лице. Истиот аранжман во текот на јули и август би ве чинел три пати поскапо.

После сезона или во септември, цените се малку повисоки и се движат од 59 па до 109 евра во зависност во кој период од септември ќе летувате таму.

„Патниците кои летуваат во септември се многу задоволни. Им се допаѓа тоа што се помали гужви во одредени туристички центри, а и морето е топло. Големи горештини веќе нема, а уште е многу пријатно. Топли препораки на сите кои се премислуваат“, велат нашите соговорници од повеќе анкетирани агенции, кои додаваат дека Грција сепак е најинтересна за македонските граѓани кои сакаат да поминат поефтино.

Цените во зависност од агенциите варираат, но предностите се неверојатни. На пример, ако сакате на Крф кој е дијамант на Јонскиот архипелаг, можете да најдете аранжман кој опфаќа повратна авионска карта, групни автобуски трансфери и сместување во апартмани и студија за помалку од 200 евра.

За некои дестинации во септември даваме и попуст и до 30 одсто. Имаме и акција каде за поедини дестинации даваме трето и четврто лице да имаат гратис (да не плаќаат еден дел од аранжманот), велат нашите соговорници.

Ниските цени се една од причините што луѓето се одлучуваат за летување вон сезона.

„Голема е заинтересираноста на граѓаните. Во септември најчесто летуваат семејства со деца, бидејќи нема големи гужви, морето и понатаму е топло. Посебно на Халкидики. Аранжманите кои го опфаќаат грчкото море и острови наголемо се распродаваат“, велат од агенциите.